20 Декември, 2025
0.0763

Создавање нови работни места е клучно за иднината на земјите од ЈИЕ

Објавено во: Балкан 17 Октомври, 2015 11:47

Добивај вести на Viber

Создавањето нови работни места и динамизирањето на економиите се клучни елементи за иднината на земјите од Југоисточна Европа - беше заклучено на дводневна меѓународна конференција што се одржа во Сараево. Конференцијата ја организираа Европскиот парламент (ЕП) и Советот за регионална соработка (RCC), а На конференцијата, покрај претставниците на ЕП и на ЕК, учествуваат парламентарни претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција. Свои обраќања на темата имаа и директорот на Директоратот за Западен Балкан при Европската комисија Жан-Ерик Пакет и генералниот секретар на Советот, Горан Свилановиќ. „Нашите економии не се економии на раст“, изјави Свилановиќ, додавајќи дека Студијата на јавното истражување Балкански Барометар, покажала оти „повеќе од една четвртина од населението од земјите од ЈИЕ не се во состојба да ги платат домувањето и комуналните сметки“. Детално беа обработени и темите како што се структурните реформи, усогласувањето во фискалната и даночната политика со стандардите во ЕУ, можните решенија за создавање на новите работни места, транспарентноста, економските реформи и јавниот интерес. извори: РЦЦ, ЕП, ЕУ

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација