СПАС ОД ЗАГАДУВАЊЕТО: Ќе забранат приватни возила
Објавено во: Свет 01 Ноември, 2018
Во индиската престолнина Њу Делхи, градските власти размислуваат за воведување ограничување во користењето на приватните возила за да се намали загадувањето на воздухот.
Во изминатиов период имаше многу жалби од жителите на Њу Делхи и околните места.
Поради стравот од опаѓањето на квалитетот на воздухот, градската администрација ја разгледува можноста за воведување на политиката за користење исклучиво јавен превоз почнувајќи од овој месец.
„Да се надеваме дека ситуацијата со загадувањето на воздухот во Њу Делхи нема да се влоши, но ако се покаже како итна ситуација, ќе мора да забраниме употребата на приватен транспорт“, вели Бхуре Лал, претседател на Управата за контрола на загадувањето на животната средина (ЕПЦА).
ЕПЦА, назначена од индискиот Врховен суд, веќе предложи да се прекине со градежни работи во Њу Делхи, употреба на дизел генератори, печки од цигли и согорување на ѓубрето помеѓу 1-ви ноември и 10 ноември, затоа што нивото на загадување се очекува да се зголеми.
Градот и во минатото правеше неколку акции за борбата против загадувањето.
Лани поради загадување на воздухот беа затворени училишта.
фото Reuters