Спасеновски од „Макпетрол“ меѓу осумте најдобри на светската карате-лига во Каиро
Објавено во: Мои пари 20 Април, 2024
Членот на скопски „Макпетрол“, Петар Спасеновски, се пласира меѓу осумте најдобри спортисти на турнирот од Светската карате-лига во Каиро. На силниот меѓународен собир во Египет, тој го освои првото место во групата со три убедливи победи во елиминацискиот дел.
Спасеновски во четвртфиналето загуби од Украинецот Валери Соникин (1-4). Со овој резултат каратистот на „Макпетрол“ се вброи меѓу осумте најдобри во светот. Заедно со Петар Заборски, како најдобри каратисти на Македонија, тие потврдија дека се во добра форма пред Европското сениорско првенство кое треба да се одржи од 8 до 12 мај во Задар, Хрватска.
Петар Спасеновски се натпреваруваше во категоријата под 84 килограми, а ова се неговите резултати против: Данијар Јулдашев (Казахстан) 9-6, Константин Цимбал (Украина) 4-1, Енес Гарибовиќ (Хрватска) 5-1, Валери Соникин (Украина) 1-4
Петар Заборски се натпреваруваше во категоријата под 75 килограми и ги оствари следните резултати против: Мухамед Абудабус (Либија) 2-1, Енцо Бертон (Франција) 0-2, Абдала Хешам Абделгавад (Египет) 1-3.
Заборски и Спасеновски беаединствени учесници од Македонија на турнирот во Египет. Само тие од земјава обезбедија норма за да бидат дел од реномираното натпреварување. Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа во топ-32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што беше пресуден услов за учество.
Светската 1 Премиер карате лига е натпревар со највисок ранг на ВКФ, на којшто е најсилна конкуренцијата на спортисти. За претстојниот турнир во Каиро се пријавени вкупно 374 елитни учесници од 58 држави.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.