29 Септември, 2024
0.0278

СПАСОВСКИ ГО ЧЕСТИТА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН: Во мирот и спокојството на домот да го поминеме празникот

Објавено во: Македонија 12 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот Оливер Спасовски, во писмо до монсињор д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во нашата земја, нему и на верниците од католичката вероисповед им го честиташе големиот христијански празник Велигден.

Премиерот Спасовски во писмото вели дека годинава еден од најсветлите празници го славиме во изолација како подвиг на секој од нас пред искушенијата кои на светско ниво ги донесе пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.

„Овој празник го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови“, пишува премиерот Спасовски до верниците на Католичката црква по повод Велигден, „од нас годинава се очекува да понесеме саможртва за доброто на сите овие денови да ги славиме во изолација за да се заштитиме себеси и ближните. Во мирот и спокојството на домот да ја победиме смртта и да преминеме во нова иднина. Со воскреснувањето на Исус Христос, се случи нешто навистина ново, нешто што ја промени состојбата на човештвото и светот и стана сила на надеж за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда“, се вели во честитката на Спасовски по повод празникот Воскресение Христово - Велигден. Годинава се соочуваме со непознат и моќен непријател, кој ги искушува нашиот и животите на нашите блиски. Но, уверен сум дека од празникот со кој ја славиме победата над смртта сите ќе излеземе посилни и подобри“, пишува Спасовски.

„Христос воскресна! Навистина воскресна! Останете дома!“, пишува во честитката претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски до монсињор д-р Киро Стојанов  и до сите верници на Римокатоличката Црква по повод Велигден.

Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки