20 Мај, 2024
0.0280

Спасовски: Нема лиценци за транспортерите затоа што за постапката за набавка на софтвер е потребно време

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, на денешната прес-конференција рече дека возачите на превозни транспортни возила не можат да полагаат испити за потребниот сертификат во Државниот испитен центар затоа што за постапката за набавка на нов софтвер било потребно време.

Над 1.500 возачи чекаат да ги положат овие испити, од кои некои осум месеци, а нивните компании поради тоа не можат да ги добијат потребните лиценци. Голем број институции се нефункционални поради ненавремената тендерска набавка на софтверски услуги за полагање на испити на над 1.500 возачи и со тоа доследно да се почитуваат законските прописи.

Причината поради неможноста да полагаат е поради тоа што обвинителството отвори истрага против Драги Рашковски кој од позиција на генерален секретар на Владата, во август минатата година склучил договор со фирмата „Инвока“за одржување на електронскиот систем за државни испити во 13 институции вреден 150 илјади евра. 

- Секако дека тоа е надлежност на Владата, на Генералниот секретаријат, јас имам информација дека веќе е потпишан договорот и ќе се започне со полагање на испититите. За тоа треба претходно требало да биде избран изведувач, но вон законските рамки не може да биде тоа направено. 

Постапката не ја води МВР, туку генералниот секретаријат. Мора да има постапка, бидејќи ќе има злоупотреба ако нема постапка. Тоа не тангира и нас како МВР и добро е што проблемот сега  е надминат, рече Спасовски.

Фирмите превозници од денот на отворањето на истрагата против Рашковски не се во можност да полагаат за Сертификат а со самото тоа ниту да добијат извод од лиценца за возилата. Владата во меѓувреме распишала тендер за избор на нова фирма.





Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража