Спасовски: Полицискиот час е одговор на домашните веселби
Објавено во: Македонија 09 Март, 2021
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска изјави дека полицискиот час од 22.00 до 05.00 часот како непопуларна мерка се воведува како резултат на групирањата и домашните веселби.
„Дали кога ќе седиме во кафани, во ресторани, во групирања, правење на домашни веселби, не размислуваме дека секој од нас е потенцијална опасност за пренос на вирусот и за евентуална последица смрт?
Одлуките кои што мораме да ги донесеме, никој не ги посакува, меѓутоа тие се резултат на однесувањето на сите нас. Ако не почитуваме, ако не носиме заштитна опрема, ако се групираме, ако правиме настани кои што со сигурност значат ширење на вирусот, тогаш државата во одреден момент мора да изреагира“, рече Спасовски.
Владата на дневен ред денеска на редовната седница треба да го потврди предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.