Спасовски виде каде ќе се постави македонското знаме пред НАТО
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020
Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, вчера во Брисел му покажа на техничкиот премиер Оливер Спасовски каде ќе биде поставено македонското знаме пред седиштето на Алијансата.
Со Спасовски заедно беше и Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, кој објави дека подготовките за церемонијата се во самиот финиш по состанокот со Столтенберг.
Во моментов се одвиваат активности за поставување на македонското знаме и другите пригодни обележја за Македонија како 30-та земја членка на Северноатланскиот сојуз.
Македонското знаме се најде и на Даунинг Стрит на последниот самит на НАТО во Лондон.
Знамето на НАТО пак веќе се вее пред Владата и пред Собранието во Скопје.