15 Декември, 2025
0.0994

Специјалци со солзавец ги растеруваат демонстрантите во Тузла

Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2014 19:14

Добивај вести на Viber

Состојбата во босанскиот град Тузла од час во час е се понапната. Демонстрантите фрлаат камења, а специјалци со солзавец започнале да ги растеруваат. Итните медицински служби досега примиле околу 20-тина припадници на полицијата со полесни повреди, додека еден полицаец бил посериозно повреден. Нема информации за повредени граѓани-учесници во демонстрациите. Во текот на демонстрациите денеска целосно уништен е првиот кат од зградата на Владата на Тузланскиот кантон. Незадоволството се шири и во останатите градови во Босна и Херцеговина, па граѓани се собираат и во Бихач и во други градови. http://www.youtube.com/watch?v=JIbmtUk6Zwg Протестите започнаа вчера, а граѓаните беа организирани преку Фејсбук групата „50.000 луѓе на улица за подобро утре“ што ја формирал Алдин Ширановиќ. На неговиот повик се собраа неколку илјади невработени, работници незадоволни од нивниот статус и револтирани граѓани, кои тврдат дека економската состојба во земјата станува неподнослива. Таткото на Алдин, Мехмед Ширановиќ денеска тврди дека полицајците го претепале неговиот син, кој е во притвор, што дополнително ги подгреа страстите. „Каква политичка позадина? Нема тука никаква политика. Мојот син и неговата сопруга мораат од нешто да го хранат своето дете, кое има пет години, а ниту еден од нив не работи. Ова е крик на гладни луѓе. Тој не е член на ниту една политичка партија и дете е на воен инвалид, кој даде дел од себе за одбрана на оваа држава“, се пожалил Ширановиќ. Вкупно 23 лица беа повредени на протестите вчера, а 27 беа уапсени. Организаторите најавија дека демонстрациите ќе продолжат и во следните денови. Повеќе за тоа како беше вчера на улиците на Тузла, на следниот линк: (ВИДЕО) Големи немири во Тузла, на протестите за подобар живот  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството