27 Април, 2024
0.0290

Спектатор: Добро утро, северни западњаци, Македонци...

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија е се што имаме. Со овие зборови на поранешниот, прв претседател на независна Македонија Киро Глигоров, се означи почетокот на една тешка битка за осамостојување на младата нација. И не дека Глигоров беше светец, ама неговата визија, мудрост и посветеност успејаа на оваа земја да и ја донесат независноста, без војна, во време кога Балканот вриеше. Во тие моменти за многумина беше понижувачка одлуката Македонија со привремено име Фиром да влезе во Обединетите нации. Се кршеа полтичките копја, можеше ли подобро. Зошто попуштивме на Грците? Како минуваше времето свесноста за одличниот политички маневар на стариот лисец стануваше поголема, земјата ги загарантира своите граници, меѓународно признаена како суверена, независна држава. Сонот на Македонците! Никој не бидна Фиромец, иако имаше многу премрежија во таа дипломатска војна со Грција која траеше речиси три децени.

Сега, 27 години подоцна, оваа генерација Македонци на свои плеќи носи тешко бреме. Дека е платена голема цена за една донесена тешка одлука. Таа одлука ја бетонира државноста на нацијата, со влез во клубот на НАТО, но и со отворена порта кон сојузот на најбогатите и најразвиените земји – ЕУ. Бремето е во платената цена, која веројатно уште долго ќе се провлекува во македонската политика. Смената на името од Република Македонија во Република Северна Македонија веројатно не значи ништо за надвор, но во нашите животи остава горчлив вкус – промена направена по диктат на една соседна земја. Исто како и во 90- тите кога Фиром ги мешаше чувствата на радост и горчина по влезот во ОН.

Ако ја следиме оваа аналогија веројатно за 20 тина години придавката Северна нема да раѓа неубави чувства кај жителите на Македонија, но само под еден услов. Доколку таа придавка ја искористиме во создавање на квалитетна држава. Влезот во НАТО, а се надеваме, подоцна и во ЕУ, да биде искористен во креирањето трајни вредности во политиката и економијата, кои ќе бидат сосема спротивни на сегашната ситуација. Може ли непотизмот, тендер коалициите, урнисаната правна држава да биде дел од Фиром, а во Северна Македонија да „царува“ натпреварот на идеи, квалитет, екониоја, напредок, прогресивни мисли. Звучи многу скандинавски, нели? Без ваков или сличен епилог за Македонија, на оваа сага наречена Преспански договор, улогата на Заев ќе биде минлива, многумина ќе го постават прашањето, за што дојде овој човек? Затоа, време е за работа, но и за длабоки резови во сите ешалони на власта. Политичкиот капитал на Заев е здраво поткопан изминативе две години, не само поради многуте сомнителни кадровски решенија, туку и поради начинот на кој се водеше целиот процес на уставни измени кој значеше сериозни правни отстапки и амнестии. Сега, по завршување на оваа, веројатно последна силна политичка турбуленција, пред премиерот се отвора уште една шанса за градење на нов политички капитал. Не е лесно да се стават настрана партиските волци и волчици, да се расчистат политичките од бизнис интересите во врвовите на власта, да се поттурне фамилијата настрана од јавните пари, но што ќе ни е и НАТО и ЕУ и Северна, ако остане се како досега?!

Македонија е се што имаме, порача еднаш Глигоров, но излезе дека на една цела генерација на млади луѓе, стотици илјади исселени, и Германија им стана сѐ, и САД им стана сѐ, и Норвешка, Шведска, Британија, Австралија, Канада..... Што по западно, тоа поарно. Затоа е време да ја стокмиме по западен урнек. Макар била и Северна, наша е, Македонија.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“