19 Мај, 2024
0.0259

ОФИЦИЈАЛНО: Список на сите супстанци и активности кои предизвикуваат РАК

Објавено во: Стил 30 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Mеѓународната агенција за истражување на ракот направила листа од 116 материи и активности за кои е докажано дека предизвикуваат рак. Изложеност на канцерогени материи

1. Тутун: Најчест облик на консумација на тутун е преку пушење на цигари, а за опасностите од пушењето веќе одамна сè е кажано. Инаку, чадот се консумирал уште од 5.000-3.000. години пред нашата ера, кога во Јужна Америка започнало одгледувањето на тутун.

2. Солариум: Солариумот е направа која со помош на ултравиолетова радијација помага при добивањето на темен тен, но во исто време човекот е претерано изложен на УВ радијација која предизвикува рак, катаракта и прерано стареење на кожата. 3. Производство на алуминиум: Зголемен ризик од заболување од рак на белите дробови и мочниот меур е забележан кај работниците во фабриките за обработка на алуминиум. Долгата изложеност на испарувањето на хемикалиите и катранот од камениот јаглен може да предизвика рак. 4. Арсен во водата: Премногу отровна хемикалија која се користи за производство на одредени легури, и која може да заврши во резервите за вода, а арсенот докажано предизвикува рак на кожата и се поврзува со рак на црниот дроб, белите дробови, бубрегот и мочниот меур. 5. Производство на аурамин: Аураминот се користи како антисептик, но и за произведување на боја. Истражувањата покажале дека има голем број на тумори на мочниот меур кај мажите кои се занимаваат со производство на аурамин, односно вдишуваат штетни агенси при процесот на производство. 6. Производство и поправка на чевли: Поврзано е со зголемување на ризикот од заболување од рак на нос и леукемија, а причина за тоа е изложеноста на бензин и останатите растворувачи. Сепак, овој ризик повеќе зависи од траењето и нивото на изложеност. 7. Чистење на оџаци: Оџачарите, поради изложеноста на дим и прашина, заболуваат од посебен облик на рак кој дури и го носи името "оџачарски рак". 8. Гасификација на јаглен: Истражувањата покажуваат дека работниците кои доаѓаат во допир со јаглен гас, често заболуваат од рак на белите дробови. 9. Дестилација на камен јаглен: Катранот од камениот јаглен е густа црна течност која останува по дестилацијата на камениот јаглен, а меѓу другото, се користи при асфалтирање. Изложени не се само оние кои доаѓаат во директен контакт, бидејќи често може да биде и загаден воздухот. 10. Производство на кокс: Производството на кокс исто така е поврзано со зголемен ризик на рак на белите дробови и бубрезите. 11. Производство на мебел: Произведувачите на мебел статистички почесто заболуваат од рак на носот, поради изложеноста на прашина. 12. Ископување на хематит и изложеност на радон: Рударите кои ископуваат хематит, цело време се изложени на радон - радиоактивен, канцероген елемент кој го зголемува ризикот за рак на белите дробови. 13. Пасивно пушење: Многу истражувања покажале дека ризик од рак на белите дробови постои дури и кај оние кои вдишуваат туѓ дим од цигарите, иако самите не се пушачи, а станува збор за зголемен ризик од рак на белите дробови, срцеви болести и емфизема. Секоја година 12.000 Британци умираат од пасивно пушење. 14. Работа во челичарница: Истражувањата покажале дека работниците во челичарници во различни делови од светот, многу почесто заболуваат од рак на белите дробови. Работата во челичарница подразбира секојдневна изложеност на генотоксични и канцерогени материи. 15. Производство на изопропанол: Луѓето во оваа индустрија често се изложени на бројни канцерогени материи, а оваа безбојна и запалива хемикалија со силен мирис има низа примени, не само во индустријата, туку и во домаќинствата, но и во фармацијата. 16. Производство на виолетова боја: Виолетовата или магнетна боја, е првата синтетичка боја која била произведена во 1850. година, но при производството се користат некои хемикалии кои се поврзани рак на мочниот меур. Инаку, многу од тие штетни хемикалии се забранети во производството на бои за коса. 17. Работа со бои: Истражувањата покажале поврзаност со работата со бои и зголемениот ризик од рак. Случаите на рак на мочниот меур и леукемија би можеле да бидат поврзани со изложеноста на бензин во комбинација со останатите органски растворувачи. Рак на белите дробови може да предизвика и оловниот хромат и азбестот. 18. Работа со катран: Катранот не се користи само за асфалтирање, туку со него и среќаваат и кровопокривачите, кои на тој начин се изложени на штетни хемикалии како што е бензинот. 19. Индустријата за гуми: Истражувањата покажале дека работниците вработени во индустријата за гуми често заболуваат од рак на мочниот меур, рак на белите дробови и леукемија. 20. Изложување на неоргански киселини и аеросоли: Течните аеросоли кои настануваат со кондензација на пареата од сулфурна киселина, се поврзани со зголемениот ризик од рак на белите дробови.

Канцерогени мешавини

21. Природна мешавина на афлатоксини: Станува збор за токсини кои ги произведуваат одредени видови на печурки, а влегуваат во групата на најканцерогени материи познати на човекот. 22. Алкохолни пијалаци: Консумацијата на алкохол е поврзана со рак на дојката, дебелото црево, хранопроводникот, црниот дроб, усната шуплина, а веројатно е поврзана и со ракот на панкреасот. 23. Арека: Арека оревите се благи стимуланси налик на кафе, а најчесто се џвакаат со ливчиња од Батела. Се верува дека го зголемуваат ризикот за рак на усната шуплина и хранопроводот. 24. Џвакање на лист од Бетела, без тутун: Листот од Бетела е најраспространет во Азија, каде луѓето го џвакаат помешан со арека, а двете состојки се поврзани со ризикот за рак на усната шуплина. 25. Џвакање на лист од Бетела, со тутун: Листот од Бетела дополнително го зголемува ризикот. 26. Катран од камен јаглен: Како што напишавме и погоре, станува збор за црна течност во која има многу канцерогени материи. 27. Јаглен катран: Станува збор за материјал кој се добива со деструктивна дестилација на јаглен кај производството на јаглроден гас. Сировиот катран содржи голем број органски соединенија, како бензин, нафталин, метилбензин и др. 28. Греење на јаглен: Јагленот е еден од најпознатите канцерогени материи, но не само поради проблемите со кои се среќаваат рударите, туку и поради опасноста која постои за сите оние кои се греат со јаглен. 29. Издувните гасови на дизел моторите: Постои голема опасност од рак поради вдишување на гасови од дизел мотори. Повеќе од 30 состојки на дизел се наоѓаат на листата за потенцијално опасни канцерогени материи и соединенија. 30. Минерално масло: СЗО го вброила и необработеното и благо обработеното минерално масло во првата група канцерогени материи. Високо рафинираното масло се наоѓа во третата група, што значи дека веројатно не е опасно, но поради недостаток од истражувања не може да се класифицира како безопасно. 31. Фанецетин: Фанецетин е бел кристален прашок без мирис, горчлив вкус и е многу тешко растворлив во вода, а се користи и како средство против болки и за намалување на зголемена телесна температура. Меѓутоа, во некои земји е забранет поради поврзаноста со ракот. 32. Билките кои содржат аристолохична киселина: Аристолохичната киселина, која се наоѓа во некои билки, е честа состојка во билните препарати за слабеење. Меѓутоа, многу истражувања покажале дека таа е поврзана со оштетување на бубрезите, но и со рак на горниот уринарен тракт. 33. Полихлорувани бифенили: Влегуваат во групата пестициди/инсектициди. Не претставуваат хемиско соединение, туку станува збор за 209 соединенија со различна содржина на хлор. Во многу земји не се користат од крајот на 70-тите поради штетното влијание за околината, а истражувањата покажале поврзаност рак на црниот дроб, рак на мозокот и рак на дојката. 34. Кинеската солена риба: Исхраната која содржи големо количество на солено месо, риба и закиселена храна, може да го зголеми ризикот од назофарингеалниот карцином. Таквата храна често има висок удел на нитрати и нитрити кои ја оштетуваат ДНК. 35. Нафта од шкрилци: Нафтата која се добива со таканаречено "кршење", последните години предизвикала бурни реакции, откако било откриено дека постои опасност од испуштање на штетни отрови во воздухот, водата и земјата. Хемикалиите кои се користат при кршењето го зголемуваат ризикот од многу заболувања. 36. Чад: Како што веќе напишавме, чадот и јаглеродната прашина исто така се поврзани со ракот. 37. Тутун за џвакање: Иако пушењето е многу позастапено, некои луѓе го шмркаат или џвакаат тутунот, мислејќи дека е безопасен начин за консумација. Но, тоа не точно. 38. Дрвена прашина: Прашината од тврди видови на дрво се карактеризира како опасна и канцерогена. 39. Обработка на храна: Месото кое е обработено на одреден начин, поради вкус или рок на траење, исто така е поврзано со некои видови на рак.

Канцерогени агенси и групи агенси

40. Ацеталдехид: Настанува во текот на алкохолната ферментација на шира. 41. 4-аминобифенил 42. Аристолохични киселини и билките кои ги содржат 43. Арсеник 44. Азбест 45. Азатиоприн 46. Бензин 47. Бензидин 48. Бензо(а)пирен 49. Берилиум 50. Хлорнафазин 51. Бисхлорометил етер 52. Хлорометил метил етер 53. 1,3-Бутадиен 54. 1,4-Бутанедиол диметансулфонат 55. Кадмиум 56. Хлороамбуцил 57. Метил-ЦЦНУ 58. Хром 59. Циклоспорин 60. Контрацептиви, хормонални комбинирани облици 61. Орални контрацептиви, секвенционални облици на хормонална контрацепција 62. Циклофосфамид 63. Диетилстилбестролом 64. Бои на база на бензидина 65. Епстеин-Бар вирус 66. Естроген, нестероиден 67. Естроген, стероиден 68. Естрогенска терапија, постменопаузална 69. Етанол во алкохол 70. Ерионит 71. Етилен оксид 72. Етопозид, сам и во комбинација со цисплатин и блеомицин 73. Формалдехид 74. Галиум арсенид 75. Бактерија Хелицобактер пилори (инфекција) 76. Хепатитис Б (хронична инфекција) 77. Хепатитис Ц (хронична инфекција) 78. Билни лекови кои ги содржат билките од родот аристолохија 79. ХИВ тип 1 (инфекција) 80. ХПВ (хуман папиломавирус) типа 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59 и 66 81. Хуман Т-лимфотропен вирус тип 1 82. Мелфалан 83. Метоксален и ултравиолетова А-радијација 84. 4,4?-метилен-бис (2-хлороанилин) 85. MOPP и други комбинирани хемотерапии кои вклучуваат алкил агенси. 86. Иперит, познат и под името “азот иперит” 87. 2-нафтиламин 88. Неутронска радијација 89. Никл 90. 4- (Н-нитрозодиметиламин) -1- (3-пиридил) -1-бутанон 91. Н’-нитрозонорникотин 92. “Опистхорцхис виверрини” (вид на метил) 93. Загадување на воздухот 94. Специфични материи у загаден воздух 95. Радиоактивни фосфор-32 96. Плутониум -239 и неговите производи од распаѓањето, во облик на аеросоли. 97. Радиоактивен јод, краткотрајни изотопи, вклучувајќи и I-131, од несреќи на атомски реактори до експлозии на нуклеарно оружје. 98. Радионуклиди, α-честици 99. Радионуклиди, β-честици 100. Радијум-224 и производите на неговото распаѓање 101. Радијум-226 и производите на неговото распаѓање 102. Радијум-228 и производите на неговото распаѓање 103. Радон-222 и производите на неговото распаѓање 104. “Сцхистосома хаематобиум” 105. Силициум, кристал (вдишен во вид на кристал) 106. Соларно зрачење 107. Пудра со влакна од азбест 108. Тамоксифен 109. 2,3,7,8-тетрахлородибензо-п-диоксин 110. ТиоТЕП 111. Ториум-232 и производите од неговото распаѓање 112. Треосулфан 113. Орто-толуидин, се користи во изработка на хемикалии од гуми 114. Винил хлорид 115. Ултравиолетово зрачење 116. X-зрачење и гама зрачење

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“