„СПЛЕТКИ“ СО ВРАБОТУВАЊАТА НА ОПРЕДЕЛЕНО И СО ДОГОВОРИТЕ ЗА ДЕЛО - што откриле ревизорите во Управата за водење матични книги
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2021
Се вработувале лица без да бидат предвидени во планот и без за нив да се обезбеди согласност од Министерството за финансии, а имало и вработувања кои се спротивни на законите, без позитивно мислење од Министерството за информатичко општество и администрација, нетранспарентни и кои одредени вработени ставале во подредена положба. Незаконитости имало и кај ангажирањето лица по договор на дело, односно на таков начин биле примани повеќе отколку што е законски дозволено. Прекршување на законите имало и кај набавките, па се направеле набавки на мебел иако тоа требало да биде само за реконструкција на објектот.
Управата за водење на матични книги во 2019 година била предмет на интерес на државните ревизори. Државниот завод за ревизија, покрај овие, открил и други неправилности. Еве што поконкретно откриле ревизорите „чешлајќи“ ја Управата за водење на матичните книги.
Тие уловиле дека во Управата за водење на матичните книги биле вработени лица на определено време, без да се предвидени во планот за вработување за 2019 година.
„Согласноста од Министерството за финансии за вработување опфаќа вработување на 23 лица за работни места кои што не се систематизирани во актот за систематизација, додека 31 лице е распоредено да извршува работни задачи во друга подрачна единица од онаа за која е добиена согласноста, што предизвикува пречекорување на бројот на систематизирани работни места за 25 работни места“, се вели во извештајот на ДЗР.
Всушност, како што напишале државните ревизори, во 2019 година Управата за водење матични книги вработила 71 лице на определено време за извршување на работни задачи, по претходно добиена согласност од МФ, за што се исплатени средства во износ од 9.112.000 денари, или тоа е рамно на 148 илјади евра.
Со извршениот увид во документацијата од спроведената постапка за вработување, Ревизијата констатирала дека Управата нема добиено позитивно мислење на годишниот план за вработување од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.
„Согласно Законот за вработените во јавниот сектор, буџетските корисници од прва линија кои се финансираат со средства од Буџетот на земјава, доколку не добијат позитивно мислење на годишниот план за вработување од страна на МИОА, нема да можат да спроведат полстапки за нови вработувања. Остварените вработувања на определено време во Управата не се планирани во планот за вработување за 2019 година, што не е во согласност со Законот за буџетите, согласно кој буџетските корисници можат да вработуваат работници на определено време само под услов ако за тоа се обезбедени средства во буџетот на земјата и ако се планирани во планот за пополнување на работни места во текот на фискалната година“, потенцираат ревизорите.
МФ има дадено согласност, по барање на Управата, за точно определени работни места по подрачни одделенија и опфаќа вработување на 23 лица за работни места коишто не се систематизирани во Правилникот за систематизација на работните места во Управата, додека 31 лице е распоредено да извршува работни задачи во друга подрачна единица од онаа за која е добиена согласноста, што предизвикува пречекорување на бројот на систематизирани работни места за 25 работни места.
„При врабпотувањето на определено време исти лица се вработуваат на определено време и до три години, што не е во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор, согласно кој вработувањето на определено време, поради привремено зголемен обем на раболта, трае додека трае потребата на институцијата, а најдолго до една година. Ова предизвикува вработувањето да се врши без законски предвидените чекори, намалена транспарентност при вработувањето и нивна повластена положба во постапката на нивно ангажирање и пораст на бројот на вработени по разни основи“, сметаат ревизорите.
ДЗР препорачува во Управата вработувањата кои се планираат да се реализираат во тековната година, да се предвидат во планот за вработување. Исто така, се препорачува лицата да се вработуваат за оние работни места за кои е дадена согласноста од МФ, како и вработувањето на определено време поради зголемен обем на работа, да трае најмногу до една година.
Втората работа е што согласно Законот за трансформација во редовен работен однос, институциите не смеат да ангажираат лица за извршување на физичка или интелектуална работа врз основа на договор на дело повеќе од еден отсто од вкупниот број на вработени на крајот на претходната година, за период подолг од 24 месеци. Само по исклучок институциите смеат да ангажираат лица над утврдениот процент и со поголемо времетраење од предвиденото, по претходно обезбедена согласност од МФ. А во 2019 Управата ангажирала лица по договор за дело за внесување на податоци во електронскиот матичен регистар, за што исплатила 8.984.000 денари или 146 илјади евра.
Ревизијата констатирала дека договорите се склучени по погрешен закон, како и дека лицата по договор на дело се ангажирани за период подолг од 24 месеци, односно во 2018, 2019 и 2020 година, врз основа на даденио едногодишни согласности од МФ, што не е во согласност со Законот за трансформација во редовен работен однос.
Исто така, за ист предмет на работа се ангажирале лица со различен степен на образование, за што им се исплаќа и различен надоместок.
„Бројот на ангажирани лица со договор на дело во 2019 година се движи од 32 до 42 лица, иако од МФ е дадена согласност за ангажирање на 35 лица“, велат ревизорите.
Полното работно време и прекувремената работа не се евидентирале електронски.
Управата, пак, нема воопшто одделение за внатрешна ревзија, иако согласно законите, била должна да го има, за да и се намалат ризиците во работењето и иако за тоа биле предвидени пет работни места.
Државните ревизори утврдиле и дека три објекти на Управата за водење матични книги, во Куманово, Тетово и Берово, кои и се доделени трајно со одлука на Владата и во кои таа е сместена, и кои во финансиските извештаи се искажани во износ од 44.304.000 денари или 720 илјади евра, не се евидентиран во сметководствента евиденција, што не е во согласност со законите.
Со пописот, пак, бил утврден кусок кај изводите.
Пропуст е и тоа што кога се правела јавна набавка за реконструкција на објектот на Управата, се предвидела и набавка на мебел.
Исто така, во системот за електронски матичен регистар, од вкупно 175 матични подрачја, електронски се поврзани само 90. Управата нема изработено акциски план со рок до кога треба да се поврзат сите матични подрачја, и системот да се стави во функција во целост, како и финансиски средства кои треба да се обезбедат за да се набави дополнитѕелна опрема и интернет конекција за секое матично подрачје.
Нина Нинеска-Фиданоска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.