26 Април, 2024
0.0318

Спорниот тендер за радарски систем го стави Рашковски под лупа на ОЈО

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски сер најде под лупа на скопското обвинителство.

Од оваа институција денеска соопштија дека е отворен предмет по допрен глас.

Станува збор за случајот со спорниот тендер за радарскиот систем за контрола на летање кој го добил „Леонардо“.

Имено, тој тендер чинел еден милион евра поскапо од поевтината понуда според деталите од евалуацијата која се одвивала во текот на минатото лето.

Од четири понудувачи во првата фаза на евалуација, во втората понуда доставиле  од само 2 понудувачи - „Леонардо“ од Италија и „Индра“ од Шпанија. „Леонардо“ на тендерот има понудено 1 милион евра поскапа цена од  „Индра“, со тоа што првиот понудувач е прогласен дека целосно ги исполнува техничките барања 

Оваа постапка не се водела согласно Законот за Јавни набавки бидејки се финансирала целосно од страна на Европската банка за обнова и развој.

Интересно е тоа што додека траела постапката во текот на есента лани околу половина час македонското небо не било покриено со радарска слика од системот на радари во Македонија. Прекинот на радарската слика се случил по интервенција на радарот во Охрид. За падот на системот бил информиран центарот во Брисел и оттаму била воведена рестрикција на летови на македонското небо. 

По интервенција на службите во МНАВ проблемот беше идентификуван и надминат, по што се продолжило со безбедно давање на услугите во воздухопловната навигација. 

Според опозицијата, од објавениот прислушкуван разговор се заклучува дека Рашковски влијаел „Леонардо“ да го добие овој тендер.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“