18 Мај, 2024
0.0280

„Спорт Лајф“, „Моцарт“, „Златна копачка“: Колку пари вртат најголемите обложувалници?

Објавено во: Економија 10 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Колку Македонците сакаат да се обложуваат говори фактот што лани работата на трите најголеми ланци пораснала за 20 отсто, а тие заедно имаат приходи кои за малку помали од приходите на двата најголеми ланци супермаркети. Со оглед на тоа дека многу помалку луѓе се обложуваат од вкупниот број на луѓе кои пазарат во маркетите излегува дека обложувањето е „насушна потреба“

Трите најголеми обложувалници во земјава лани собрале облози во вредност од 173,6 милиони евра! Ова се официјални податоци за ланското работење на обложувалниците: „Моцарт“ на „Делта Бет“, „Сопрт лајф“ и „Златна копачка“. За да стане појасно колкав е бизнисот со обложувањето ќе споредиме вака: трите најголеми обложувалници имаат промет за малку помал од двата најголеми ланци на супермаркети „Кам маркет“ и „Тинекс“. Ова јасно укажува на тоа дека обложувањето по исхраната е втора егзистенцијална потреба на македонското население. Всушност, веројатно обложувањето е најглавна егзистенцијална потреба со оглед на тоа дека значајно помал жители се обложуваат во однос на бројот на жители кои пазарат во маркет.

„Спорт Лајф“ убедливо најголем ланец на обложувалници!

Скопската компанија „Спорт лајф“ е убедливо најголем играч на пазарот што ги нуди овие услуги. Лани нејзиниот вкупен приход изнесува 83,8 милиони евра и таа е 19 отсто односно за 13,25 милиони евра повеќе од 2016 година. Паралелно со приходите растеле и расходите на компанија. Тие лани достигнале 78,5 милиони евра и се за 9,2 милиони евра поголеми од 2016 година. Добивката на оваа компанија е 4,9 милиони евра и во споредба со лани е повисока за 312 отсто односно за 3,7 милиони евра. Оваа компанија лани вработувала 823 лица што е за 47 повеќе од 2016 година. Обврските на компанијата лани на крајот на годината изнесувале 1,9 милиони евра и тоа е за 0,9 милиони евра повеќе од 2016 година.

„Моцарт“ со добивка од 1,5 милиони евра

Втора според големината на приходи е компанијата што управува со ланецот обложовалници под брендот „Моцарт“. Нивниот приход лани е 39,64 милиони евра и тој пораснал за 7,35 милиони евра во однос на 2016 година односно 22,7 отсто. Истовремено расходите пораснале за 5,3 милиони евра до 37,86 милиони евра. Добивката надмина 1,5 милиони евра и тоа е одличен резултат во споредба со лани кога фирмата била во загуба. Овој ланец вработувал лани 387 лица и нивниот број лани пораснал за 117 вработени. Обврските на „Делта Бет“ лани на крај на година биле 1,2 милиони евра.

„Златна копачка“ ја изгуби пазарната позиција, но ја зголеми добивката

Познатиот македонски ланец познат под брендот „Златна копачка“, основан од легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев, лани имаше пад на приходите од 20,8 отсто во споредна со 2016 година. Вкупниот приход лани паднал за 12,8 милиони евра до 50 милиони евра. Вкупните расходи изнесувале 48,5 милиони евра, пониски се за 13,75 милиони евра во однос на 2016 година. Добивката на компанијата е 1,66 милиони евра и поголема е за 1,1 милиони евра од 2016 година. Обврските на фирмата на крај на 2017 година биле 0,6 милиони евра и се помали за 2 милиони евра.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра