Добивај вести на Viber
Нов директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е Златко Перински. Тој бил именуван на владина седница и тоа откако се пријавил на јавниот повик за пројавување на интерес за ангажирање на раководни позиции.
„Владата одлучи Перински да биде нов директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Од документацијата која ја приложи во рамки на апликацијата, од неговата програма за работа и од она што го покажа во процесот на интервјуирање увидовме дека е соодветен кандидат за оваа позиција. Образованието го има стекнато на Факултетот за физичка култура, но работел и во менаџментот во рамки на приватниот сектор што претставува добра комбинација. Ова негово именување е уште еден доказ за отвореноста на Владата и давањето на шанси и можности на сите способни и квалитетни кадри да раководат со одговорни државни позиции“, изјавил за Курир владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Досегашниот директор на спортскиот центар Борис Трајковски Ратко Капушевски ќе работи како проект менаџер во канцеларијата на бизнисменот Сергеј Самсоненко.