Спречен терористички напад на „Олд Трафорд“
Објавено во: Свет 15 Мај, 2016
Натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Бурнемаут нема да биде одигран денеска откако беше донесена одлука за негово одложување од безбедносни причини.
Британските антитерористички единици попладнево изведоа контолирана експлозија на сомнителен пакет, пронајден на една од трибините на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер, јави Би-Би-Си.
Полицијата пред тоа ги евакуираше гледачите присутни на стадионот, кои дојдоа за да го следат дуелот од последното коло на англиската Премиер лига. Официјалните лица 15 минути пред почетокот на натпреварот, прво испразнија две трибини, а подоцна од безбедносни причини одлучија да не се одигра натпреварот. Полицијата внесе кучиња трагачи на трибините, но за да се спречи паника целиот стадион не беше евакуиран одеднаш, туку етапно. Дел од тамошните медиуми пишуваа дека кучињата трагачи на стадионот пронашле бомба која била поврзана со мобилен телефон. Сепак, оваа информација засега не е официјално потврдена.