19 Мај, 2024
0.0282

СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НАД ИТАЛИЈА: Анонимуси не престануваат со борбата против џихадистите

Објавено во: Свет 27 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Анонимуси соопштија денеска дека спречиле терористички напад на „Исламска држава“ во Италија заблагодарувајќи се на тоа што по нападите во Париз ги заголемиле своите хакерски активности против џихадистите.

„Овој месец работиме во тишина. Веќе спречивме еден напад на „ИД“ во Италија, а се надеваме дека ќе спречиме и други напади“, објавија „Анонимуси“ на Твитер „Операција Париз“, пренесе „Дејли меил“.

„Анонимуси“ ветиле дека на интернет ќе ги прогонуваат џихадистите веднаш по терористичките напади од минатиот месец во Париз, во кој животот го загубија 130 луѓе.

Не се објавени повеќе детали за планираните терористички напади во Италија.

Експертите предупредуваат дека социјалните мрежи се едно од најмоќните оружја во рацете на „ИД“, со помош на кои џихадистите комуницираат со своите симпатизери низ целиот свет.

анонимуси 1

Нивните активности се следат од гупата „Анонимуси“ кои од неодамна објавија список на Твитер за тоа кои се пропагандите на џихадистите.

На налогот „Операција Париз“, „Анонимуси“ ги повикуваат своите припадници да ги хакуваат сајтовите на „ИД“ со што би украле важни податоци и да ги објават на интернет.

„Анонимуси“ во почетокот на декември започнаа голем сајбер напад над Турција, обвинувајќи ги членките во таа земја дека ја поддржуваат „Исламска држава“.

 

Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети