17 Декември, 2025
0.0537

Спуштените рампи се лош сигнал за инвестиорите – реагираат од ССК

Објавено во: Економија 13 Септември, 2013 13:56

Добивај вести на Viber

Евидентни се штетите на бизнисмените од спуштањето на рампата на македонско-косовската граница и на македонска и на косовска страна и тоа ќе го почувствуваат компаниите, оценуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија. Се надеваат дека наскоро ќе биде надминат спорот и оти штетите нема да бидат големи, но нагласуваат дека целата ситуација е лош сигнал за странските инвеститори. -  Веќе се прават одредени пресметки, но во моментот не би сакал да шпекулирам со конкретни бројки. Тоа ќе зависи од времетраењето на воведеното еднострано ембарго од косовската страна. Веќе е најавено дека во следните 48 часа ембаргото ќе се симне на производи од Македонија за увоз во Косово. Се надеваме дека така и ќе биде, а тоа се совпаѓа и со 15 септември кога и Македонија треба да ја укине мерката за условен увоз на брашно. Така што сметаме дека односите ќе се регулираат и оти штетите нема да бидат толку големи затоа што станува збор за одредени производи кои би можеле да седат на залиха една недела, изјави денеска Митко Алексов, извршен директор на ССК. Алексов оцени дека сето она што се случува е лош сигнал за странските инвеститори затоа што секој инвеститор сака слободен проток на стока и капитал. -  Сите сме многу мали земји така што кој и да било странски инвеститор не таргетира како регион. Во случај некој веќе да донел одлука или да планирал инвестиција во Македонија, Косово, Албанија или во Србија, сметам дека ќе подзастане со инвестицијата или ќе ја одложи што ќе претставува штета за стопанствата на нашите земји. Ние треба да докажаме и да покажеме дека овде постои поволна бизнис клима и можност за слободен проток на стока, луѓе и капитал, нагласи Алексов. Границата меѓу Македонија и Косово на премините Блаце и Јажинце веќе четврти ден е блокирана откако Косово изминатиот викенд воведе забрана за увоз на македонски производи, на што македонските власти одговорија со наплаќање на такси за влез на косовските граѓани и возила.  

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи