16 Јануари, 2025
0.0287

Стартува дигитализацијата: Без дигитален приемник нема гледање телевизија

Објавено во: Економија 28 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Од сабота стартува дигитализацијата во земјава, а според надлежните програмите на македонските телевизии ќе може да имаат поквалитетна слика и тон. Сепак сите оние со постари телевизори кои немаат  дигителн приемник, а не купиле дополнителен уред или немаат кабелски приклучок, нема да моѓат да следат ниту една програма.  Како штом информираа надлежните, петте национални телевизии и една регионална (ТВ ЕДО) веќе се поврзале на дигиталната платформа на операторот ОНЕ кој го доби тендерот за оваа намена од Агенцијата за електронски комуникации.

Според Цирил Кафол, генерален извршен директор на ОНЕ,  тие технички се целосно подготвени за дигитализацијата.

„Ги правиме последните тестирања на нашата дигитална платформа за да може на 1 јуни да ги емитуваме дигитално сите телевизии што ќе склучат договор со ОНЕ“, истакна денеска Кафол .Сепак од операторот ОНЕ,  посочија дека до сега имаат склучено договори со шест телевизии од вкупно 30 кои најавија дека ќе ја користат неговата платформа. Покрај тоа, 30 телевизии ќе емитуваат дигитално преку мрежите на кабелските оператори.

Министерот за информаичко општество, Иво Ивановски посочи дека со оваа платформа се овозможува креирање нови работни места и се овозможува подобрување на медиумскиот сектор.

„Од една страна граѓаните ќе добиваат поквалитетна слика, а од друга страна медиумите ќе можат да прикажуваат повеќе и поразлични програми“, истакна Ивановски.

За Роберт Ордановски, директорот на АЕК, со новиот сигнал кој е отпорен на секакви влијанија добиваме екстремно добар квалитет. Жителите на Скопје ќе можат бесплатно да гледаат 15 телевизии, додаде тој, а во регионите бесплатни ќе бидат петте национални телевизии и соодветниот број регионални телевизии.

Според пресметките 15 % отсто од граѓаните не користат услуги од кабелските телевизии. Од Советот за радиодифузија и од АЕК ги советуваат граѓаните кај кои ќе има лош квалитет на сликата да пријават во надлежните институции за проблемот да биде отстранет.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја