16 Мај, 2024
0.0291

Србија може да го врати Шешељ во Хаг до почетокот на мај

Објавено во: Балкан 03 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Лидерот на Српската радикална партија (СРС) Воислав Шешељ може да биде уапсен и вратен во затворот во Хаг уште пред 1 мај, според неофицијални информации на белградскиот Блиц.

Шешељ, кој е осомничен за бирање на паравоените сили за време на војните на Балканот, беше ослободен во ноември за лекување во Србија под услов дeka нема врскa со сведоци или жртви и дека ќе се врати во Трибуналот, ако биде повикан. Лидерот на радикалите, меѓутоа, изјави на прес-конференција, откако пристигна во Белград дека нема да се врати доброволно во Хаг.

На 1 април тој ja доби одлуката на Апелацискиот совет на Меѓународниот трибунал за воени злосторства за поништување на неговото условно ослободување од затвор, преведено на српски јазик.

Последниот збор по ова прашање го има Судискиот совет на Трибуналот, кој треба да се произнесе најдоцна до две недели. Ако советот одлучи дека Шешељ треба да се врати во затвор, тој треба да се произнесе дали ќе се врати во Хаг доброволно. Бидејќи лидерот на радикалите веќе неколкупати изјави дека нема да се предаде, судот ќе испрати барање Србија да го екстрадира како бегалец, вели за „Блиц“ извор близок до српската влада. Според портпаролот на Трибуналот Ненад Голчевски српската влада ќе биде должна да го предаде Шешељ во Хаг.

Ако одбие, судот ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН.

„По процедурите и „циркус“, од кој сигурно нема да бидеме поштедени, Шешељ може да се најде во (затвор)  „Шевенинген“ уште пред 1 мај“, вели изворот на „Блиц“.

Откако е во Србија, лидерот на радикалите не престана да предизвикува скандали. Последниот од нив се случи, откако на 1 април Шешељ го запали хрватското знаме пред судницата во Белград.

Тој рече дека веќе ка добил одлуката на Апелацискиот совет на Хашкиот трибунал да биде вратен во затвор и како „јасна порака“ кон Хрватска, која инсистираше на тоа го запалил  нејзиното знаме .

Шешељ и стотина приврзаници на СРС се собраа пред Судската палата, каде почна судскиот процес против заменик-претседателот на партијата Немања Шаровиќ во врска со палењето на знамињата на НАТО, ЕУ, САД и Косово на митингот по повод годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО против Србија. Шешељ тогаш изјави дека тој самиот наредил знамињата да бидат запалени.

Уште истиот ден Премиер обвинителство во Белград му подигна обвинение.

Мило ми е што ми подигнаа обвинение, коментира Шешељ и додаде дека тоа „значи дека премиерот Александар Вучиќ го загубил умот“. Шешељ додаде дека го запалил хрватското знаме „бидејќи Хрватска ја окупирала (самопрогласената) Република Српска Краина, извршила геноцид над Србите за време на Втората светска војна и отфрлила стотици илјади Срби“.

Вчера српскиот премиер Александар Вучиќ коментира дека Шешељ „не претставува ниту парламентарно претставена политичка партија, ниту државата“ и увери дека Србија ќе ја одржи стабилноста во регионот, пренесе АФП.

„Обвинетиот за воени злосторства Шешељ се обидува да влијае во регионот со јазик на омраза, воена реторика и симболика, палејќи го хрватското знаме пред државна институција на Република Србија. Премиерот во обвинителство во Белград покрена обвинение против Шешељ, кое го сметаме за чекор во насока на смирување на настанатата ситуација“, коментира хрватското Министерство за надворешни и европски работи.

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години