18 Декември, 2025
0.0711

Србија: Наредена целосна евакуација на Обреновац поради нов поплавен бран

Објавено во: Балкан 19 Мај, 2014 18:33

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ нареди итна и целосна евакуација на луѓето од Обреновац поради нов поплавен бран, што надоаѓа од правец на Забрежје.

Во соопштението на МВР на Србија се додава дека се очекува пораст на нивото на реката Сава.

Во Обреновац, град на 30 километри јужно од Белград загинаа најмалку 13 луѓе во поплавите. До моментот од градот се евакуирани повеќе од 7.000 луѓе.

Размерите на катастрофата што го зафати тој дел од регионот на Балканот се околу 22.900 квадратни километри, што е повеќе од државите Словенија (20.256 кв.км.), Израел (22.145 кв.км.) или Кувајт (17.817 кв.км.). По држави во БиХ се поплавени 11.200 кв.км., а во Србија се 9.100 кв. км. (колку и плоштината на Кипар), во Хрватска се поплавени повеќе од 600 кв. км.

Просечното количество врнежи во регионот во мај е околу 90 литри на кв. метар. Во изминатите денови само во Тузла наврнале над 300 литри на кв. метар што е апсолутен рекорд за изминатите 120 години откако се вршат мерења.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии