Србија нема намера да стане членка на НАТО
Објавено во: Балкан 17 Декември, 2015
Србија не се подготвува да стане членка на НАТО, изјавила во Државниот парламент претседателот на Комитетот за надворешни работи на Националното собрание на Србија, Александра Ѓуровиќ, цитирана од агенциите.
„Србија се јавува воено неутрална и не сака да стане член на НАТО“, изјавила Ѓуровиќ на седницата на комисијата за соработка помеѓу Државниот парламент и Националното собрание.
Таа истакнала дека според истражувањата само 12% од Србите го поддржуваат влегувањето на земјата во НАТО.
Освен тоа во парламентот на Србија ги поддржуваат бомбардирањата спроведени во Сирија од руските Воздушно-вселенски сили по позициите на „Исламска држава“, но никогаш нема „да поддржат бомбардирање на држава, каде што претседателот е легално избран“.
„Секогаш ќе бидеме на страната на сирискиот народ“, додала Ѓуровиќ.