Србија повторно и се закани на Македонија поради брашното
Објавено во: Економија 06 Април, 2018
Српскиот министер за економија Расим Љајиќ уште еднаш упати предупредување до македонската влада да ги укине маркичките за обележување на брашното кое се увезува или во спротивно Србија ќе одговори со цел сет на мерки против Македонија.
Според Љајиќ, причина за тоа се едностраните чести провокации, на поединечни влади во регионот и воведување вонцарински бариери во трговијата со Србија. па нагласува дека ако до 14 април Македонија не најде решение за увоз на српско брашно, истиот ден ќе примени „полн сет“ контрамерки.
„АКо до 14 април не најдеме решение, автоматски истиот ден ќе воведеме контрамерки. Немаме друг механизам, доволно бевме трпеливи“, јасен е Љајиќ.
Вели дека Србија разбира оти македонската влада е под страшен притисок на мало воденичарско лоби, но дека Србија веќе нема да трпи едно такво нелогично и неекономско однесување.
Потсетува дека направен е исчекор на недоамнешните разговори со македонската страна кога се договорија за взаемно признавање на сертификатите и работното време на инспекциите , но предлага потполно укинување маркички, ако веќе се признаваат сертификатите.
„Предлагаме потполно да ги укинеме маркичките, затоа што и ние и тие, меѓусебно ги признаваме сертификатите затоа што на тој начин се зголемува вредноста на стоката, а на крај, тоа го плаќаат купуваќите“, вели Љајиќ за Танјуг.