СРБИН ЈА ИСТЕПАЛ СВОЈАТА МАЈКА: Потоа се заканил дека ќе направи поголем масакр од тој во Рибникар
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2024
Српската полиција утрово уапси 35-годишен насилник кој се заканувал со масакр.
Како што пренесува „Блиц“, Б.П. прво ја претепал мајка си, по што побегнал од дома и ѝ пратил порака дека ќе „направи поголем масакр отколку во Рибникар“, за што жената веднаш ја известила полицијата.
Жената и претходно го пријавувала синот. Еднаш завршила со скршена рака, но потоа ја повлекла тужбата. Во неговата куќа во Земун не е пронајдено оружје.
Мажот е предаден на Третото основно обвинителство во Белград.
Лани на 3 мај се случи масакр во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, каде момче уби 8 соученици и еден вработен во училиштето.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.