15 Декември, 2025
0.0392

Србите не можат ни да банкротираат

Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2014 08:24

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Србија кои не се повеќе во можност да си ги отплаќаат земените кредити, не можат ни да прогласат личен банкрот. За одредбата која би требало да го регулира ова засега нема никакво наговестување, бидејки како што известуваат надлежните, бројот на неотплатени заеми не е алармантен и е на ниво околу десет отсто,односно околу 130.000 граѓани не се во состојба да ги вратат кредитите, бидејки останале без работа или не примаат плата. Секојдневно банките им ѕвонат на овие луѓе, праќаат опомени или активираат хипотека, доколку имаат земено станбен кредит. Засега околу 500 семејства останале без кров над глава или пак стравуваат дека тоа ќе им се случи. Исто така околу 255.000 граѓани се стално во минус по тековната сметка. Тој долг, заедно со долгот од картички преминува 600 милиони евра. Засега граѓаните на Србија вкупно должат околу 5,5 милијарди евра за различни кредити, а  најмнигу за стамбени и готовински. Поради лошиот стандард се потешко им е да ги отплаќаат. “ Во Србија нема причина да се донесе закон за личен банкрот, како што тоа е направено во Хрватска затоа што нивото на ненаплатени кредити не е на загрижувачко ниво кај граѓаните”  вели Ѓорѓе Јефтиќ, директор на управата за надзор на финансиските институции. Може да се каже дека населението уредно си ги отплаќа обврските, додека нивото на ненаплатени заеми во индустријата е голем. Што во пракса значи личен банкрот? Граѓаните кои прогласуваат личен банкрот добиваат така наречен старател кои располага сп нивните примања и имот. Супервизорот им дава џепарлак, но само колку да може да преживеат, а останатите приходи на должникот ги насочува кон отплата на долгот. Не е целат се да се заплени одеднаш, туку да се зема мал дел од платата и да се продаде дел од движниот имот. Хрватските власти воведувањето на оваа мерка ја оправдуваа со тоа што преку личниот банкрот се бара начин за етапно враќање на долговите а и со тоа да му биде лесно и на должникот, но банкарите во србија предупредуваат дека таквата мерка е многу нерпијатна. " Овие состојби луѓето наивно ги замислуваат па мислат дека сега ќе се ослободат од долговите, но тоа не е точно", вели Веролјуб Дугалиќ, генерален секретар на банкарското здружение на Србија. Според неговото објаснување, долговите  остануваат. Личноста која е во банкрот не може да си купи ниту чевли без за тоа да го праша супервизорот, а не пак да замине на годишен одмор. За таков закон се одлучи Хрватска затоа што долгот кај нив беше алармантен – 4.000 и 5.000 по жител. Во Србија долгот по жител за кредит е 740 евра, додека со пресметани чекови, картички и лизинг е 830 евра. К.К.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството