15 Декември, 2025
0.0268

Србите поради кризата бегаат од Грција

Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2014 10:00

Добивај вести на Viber

Во северниот дел на Грција има околу 4.000 Срби, а поради кризата која ја погоди оваа земја, има такви кои сериозна размислуваат да се вратат во Србија, пренесува Танјуг повикувајќи се на информации од генералниот конзулат во Солун на чија што територија живеат луѓе од Србија. Иако станува збор за семејства кои веќе подолго време се во Грција и имаат свои бизниси, тиа во конзулатот бараат разјаснување и информации околу евентуалното враќање, бидејќи Грција од 2008 година поминува низ еден многу тежок период кој го карактеризира невработеност. Таа невработеност, пред се, ги погодува младите луѓе, Грци, но секако и странските државјани. „Ние не сме воочиле дискриминаторски однос кон Србите, значи не може да с еговори за тоа, но во вкупно тешките услови и нашите државјани ја делат ситуацијата која ја имаат и Грците“, велат во генералниот конзулат во Солун. Оттаму нагласуваат и дека статистиката од 4.000 Срби треба да се земе со резерва, објаснувајќи дека евиденцијата на грчките власти не се секогаш прецизни, како и дека постои голем број на луѓе кои имаат двојно државјанство, па со право, од аспект на грчките власти, се државјани на Грција. Во конзулатот наведуваат дека бројот на Срби кои живеат во северниот дел на Грција, не се променил значително претходните години, дека се најдобро интегрирани семејства во грчкото општество, особено оние од мешовитите бракови.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството