15 Декември, 2025
0.0541

Србите продаваат оклопни транспортери со демонстрација „во живо“

Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2014 18:00

Добивај вести на Viber

Пакистанската Влада сака да набави нови оклопни транспортери за војската, а на врвот на листата на посакувани се наоѓа и моделот „Лазар 2“, производство на „Југоимпорт“, Србија. Пакистанците би купиле најмалку 20 вакви возила, а пресудна за да се одлучат за оваа зделка била презентацијата. Имено, српската компанија била единствената која на пакистанските муштерии им приредила „шоу со пукање“ и со демонстрација во живо ги покажала можностите на овој оклопен транспортер. „Пукаа и фрлаа бомби, додека ние бевме внатре. Освен ова, ни понудија испорака во две фази“, вели Дост Али Балох, кој бил дел од пакистанскиот експертски тим кој престојувал во Србија. Целата зделка треба да чини околу 7 милиони евра, но иако првичниот интерес бил пројавен уште пред две години, „Лазар“ до денес не е испорачан во Пакистан. Причина за ова, според пакистанските медиуми, е протестот на набавката на оклопните транспортери што го вложила невладината организација „Транспаренси интернешенал-Пакистан“. Таа побарала од локалните власти да се испита дали со набавката на возилата е испочитувана процедурата. Во меѓувреме, пакистанската полиција има потреба од новите оклопни транспортери за справување со исламистичките бунтовници во земјата.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството