Добивај вести на Viber
За половина милион денари (околу 8 000 евра) е олеснет 64-годишниот М.Д. откако среде бел ден, непознат крадец вчера во 14 чаот провалил во неговиот дом.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, крадецот со погоден предмет ја отворил вратата и влегол во куќата на улицата Караорман во Скопје. Случајот набрзо бил пријавен во полиција, која сеуште трага по сторителот на кражбата кој побегнал во зесега непознат правец.