30 Април, 2024
0.0256

Средината во која живееме наметнува послушност

Објавено во: Колумни 26 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Четириесет проценти  од младите во Македонија сакаат да работат во државна администрација поради тоа што тие работни места ги гледаат какo најсигурни на долг рок. Ова е фрапантен резултат од онлајн анкетата во која учествуваа вкупно 1.230 испитаници, во периодот од 17-ти до 22-ри септември 2105, а која ја реализира македонскиот интернет портал за образование и наука, Факултети.мк. Mладите преферираат сигурност, а не ризици и предизвици! Избираат просечност, наместо напорна работа, која може да ги воздигне! Однесување спротивно на бунтовниот млад човек, кого го карактеризира идеализам, исполнетост со илузии, желба да се промени светот. И Фром во неговиот есеј ,,За непослушноста,, вели дека од мали нозе не учат да бидеме послушни, да ги слушаш родителите, на училиште. Но интересно е и тоа што кај нас некако целиот систем е скроен така, а и медиумите наметнаа таква состојба. Младите сами од себе не станале такви, туку напротив нешто ги принудило на такво однесување. Вечната транзиција, невработен член во речиси секоја фамилија, ниското ниво  на економска развиеност, изместените општествени вредности, немањето избор, делува демотивирачки и депресивно. Истражувањето кое го направи комисијата на ЕУ минатата година покажа дека најголемиот процент од невработените  во земјава се млади луѓе, кои чекаат со години за да најдат работа (http://www.etf.europa.eu/web.nsf/pages/TRP_2012_Western_Balkans_and_Turkey_EN). Тоа подразбира дека треба да имаме малку разбирање за сите оние млади луѓе кои сакаат да останат во својата земја, па макар да работат и во администрација. Да сакаат работно место каде минимално ќе си ги исполнуваat работните обврски, ќе ја земаат истата плата со години, без потреби и мотивација за нешто повеќе. Некои од нив ќе речат подобро сигурност на долг рок, отколку во приватна компанија да ме искористуваат, и на крај пак да останам без работа. Дури и приказните на млади претприемачи кои почнале нешто сами, па се “опекле” поради тоа што биле,, рекетирани,,, не добивале дозволи, имале нееднаков пазарен третман (не можеш да почнеш бизнис ако не си привезок на политичка партија, или ако не дадеш мито), уште повеќе ги одвлекува од приватниот сектор, и бараат спас во државна администрација. Сметам дека поради повисоки цели, треба да се ризикува и да се бара повеќе за себе, но така е во нормални држави. А штом толку многу млади луѓе сакаат да работат во администрација значи дека кампањите на владата ,,Осмели се, направи го првиот чекор,, и не дава резултат. Треба да бидеме свесни и дека не постои земја во светот каде што половина од работоспособните луѓе работат во администрација, нешто што е неодржливо на подолг рок. Тоа подразбира дека треба да се задолжуваш за да ја финансираш таа администрација, а тоа има краен рок на издржливост. Нашата средина е затруена! Средина која те тера на послушност, на наведнување на главата пред претпоставените, исполнета со страв нешто слободно да се каже, бидејќи секогаш може некого да повредиш. Факт е е дека постои голема невработеност, дека во голем дел од компаниите на вработените се гледа како на заменлива категорија, дека во нив не се инвестира итн.. Каде е решението? Во услови кога нема општа политичка волја да се сменат работите, топката е кај индивидуите. Сами сме кројачи на својата судбина, и треба да се пробаме, да ги истегнеме своите капацитети, и да видиме кои ни се можностите. Излезот е и во неформалното образование. Веќе се може да се најде на интернет, само треба желба да се учи и надградува. Не е се така црно! Храброста и упорноста на средношколците да се спротивстават на екстерното тестирање, појавата на бизнис инкубаторите, старт ап центрите, даваат светлина во тунелот. На крај младите не треба да престанат да сонуваат за големи работи, да им биде убиена страста за повеќе знаење бидејќи на крајот само тоа им останува. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД