03 Мај, 2024
0.0275

Средна и источна Европа престануваат да бидат синоним за евтина работна сила

Објавено во: Економија 01 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Средна и источна Европа се соочени со завршетокот на една економска ера која ја обележи покрај останатото и евтина работна сила, па странските вложувања во долгорочна перспектива би можеле се повеќе да заминуваат во земјите понатаму на истокот и југот, покажува најновата анализа на агенцијата Ројтерес.

Со рекордно висока стапна на вработеност и барања на работници за плати кои се поблиски до нивоата во западните земји, таков модел на евтина работна сила кој поттикнуваше раст од падот на комуизмот во земјите во регионот полека оди кон својот крај.

Предизвиците со кои се соочуваат владите и компаниите во регионот во следните години ќе пронајдат начини со кои ќе се постигне економски раст.

Акутни недостатоци на работници поттикнуваат раст на платите

Напливот во земјите на истокот го обележи зачеток на економски модел кој го трансформирал регионот. По четврт век регионалните пазари на труд се исцрпени, каде што стапките на невработеност во регионот паднале на рекордно ниско ниво од околу три до седум проценти.

Како резултат на тоа, платите на работниците растат побрзо отколку на западот, предводени од Унгарија каде платите во март на годишно ниво се зголемиле на 12,8 отсто.

Зорослав Смилинску, од синдикатот  во Словачки VW кој го организирал штрајкот во производните погони почнал да работи во 1992 година, кога фирмата ја преземал германски Volkswagen. Во тоа време добивал месечна плата во противвредност од 75 евра.

„Можевме да живееме од тоа. Моравме“, рекол.

Нови дестинации - Турција, Северна Африка

Renaissance Capital, група за инвестициско банкарство со седиште во Москва, истакнува како странските вложувачи нема да се откажат од постоечките проекти во регионот, но дека новите инвестции веројатно ќе отидат во други дестинации.

 „Никогаш повеќе средна Европа веројатно нема да го нуди она што го нудела во 1990-тите“; напишале во белешки клиентите.

Компаниите преземаат чекори како би ги подобриле продуктивните методи како што се се поголемите автоматизации со чија компензација на растечки трошоци, велат извршните директори, креатори на политика и аналитичари. Долгорочно гледано некои од нив би можеле да отидат во други земји во потрага за евтини работници.

Во Renaissance Capital имаат мислење дека вложувачите се во потрага за евтина работна сила во конечни прилики ќе бараат во земјите понатаму на југот и истокот.

„Кога бизнис довербата во Европа пак е висока,  мислиме дека новиот бран на проширување на инвестициите ќе ги зафати Турција и земјите на јужниот Медитеран“, се додава во забелешката на клиентите, во кои меѓу дестинации исто така се истакнува Мароко, Тунис и Египет,а можно е и Украина и Иран.

Европејците од „втор ред“

Разликите во плати се истакнуваат меѓу најголемите пробмели кои продираат во општеството и политиката во целиот регион. Кај Полјаците, Словаците, Чесите и Унгарците преовладува впечатокот дека Западна Европа ги гледа како "втора класа" на Европејци. Политичарите добиле такви жалби сериозно и повикуваат за подобри плати на работниците. Словачкиот премиер Роберт Фицо го поддржа штрајкот на работниците во VW, а во Чешка владејачките социјалдемократи на големи билборди пред изборите во Октомври истакнале "Крај на евтина работна сила."

Сепак, политичките и синдикалните лидери кои се стремат на прилагодување на платите со оние на запад треба да најдат алтернативни правци за економски успех. Клучот е, а со тоа и многумина се согласуваат дека индустријата ќе се подигне во синџирот на вредности во области кои носат повисоки маржи.

Големите производители споделуваатна помал дел од своите приходи на вработените во Централна и Источна Европа, отколку во Западна Европа. На ниво на на ЕУ платите во просек сочинуваат 47,5 отсто од БДП, според Евростат, додека овој процент достигнува 50,9 отсто во Германија, во Чешка се намалува на само 40,4 отсто.

Сепак, работниците во Централна и Источна Европа се помалку финансиски продуктивни. Според податоците на ОЕЦД, час работа во Германија произведе 52,7 евра на германскиот бруто-домашниот производ, а во Чешка само 19,4 милиони евра. Ова е делумно поради тоа што голем број на производи на чешката компанија во глобалниот синџирот на компоненти кои носат пониски маржи, а не готови производи кои носат повисоки маржи и профит.

„Не само што ние се држиме како економија со поевтина работна сила, но, исто така, и економија, со ниски трошоци“, изјави Радек Спицар, заменик-претседател на Чешката асоцијација за индустрија.

„Ние сме, исто така, снабдувачка екомонија, дел од глобалниот синџир на производство, со мал процент на готови производи“, истекува.

Политичарите се стремат кон инвестиции во секторите кои нудат повисоки маржи.

„Мораме да се движат подалеку од економскиот модел врз основа на економија со ниски трошоци и да преминеме кон производство со повисока додадена вредност“, изјави Михал Пицл, шеф на одделот за анализа во канцеларијата на чешкиот премиер.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување