Србите преферираат работа на црно
Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2013 11:07
Повеќе од половина работоспособни граѓани на Србија некогаш во текот на својот живот имале искуство со работа „на црно“, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Фактор Плус“.
Според истражувањето, со кое биле опфатени 1.000 испитаници, една петтина од Србите преку работа „на црно“ заработуваат дополнителни приходи, а секое десетто вработено лице во Србија е принудено да работи непријавено за да може да го прехрани своето семејство.
Како што објави денешна „Политика“, една четвртина од анкетираните изјавиле дека работеле „на црно“ затоа што тоа од нив го барале нивните работодавци.
На прашањето „дали сте задоволни со работата што ја работите на црно“, дури 54 отсто од испитаниците дале негативен одговор, 21 проценти рекле дека се „делумно задоволни“, а само 10 отсто се „целосно задоволно“.
Дури 40 проценти од анкетираните изјавиле дека немале проблеми со властите поради нивната работа „на црно“, а 30 отсто признале дека се соочиле со законски последици поради ваквото работење.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




