16 Јануари, 2025
0.0256

Груевски и Дачиќ се договорија, каналот Белград-Скопје-Солун треба да се гради!

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Инфраструктурните проекти, надградување на транспортните и енергетските капацитети и обезбедување на енергетска стабилност во регионот, како и финализирање на активностите на Коридорот 10, се дел од темите на кои денеска во Скопје разговарале премиерите на Македонија и на Србија, Никола Груевски и  Ивица Дачиќ.

Македонската Влада дава целосна поддршка за разработката, анализата и изработка на студии за проектот „Дунав - Морава - Вардар - Солун“, истакна премиерот Груевски, кој посочи дека меѓу двете држави нема некои крупни отворени прашања. Инаку идејата за изградба на пловниот канал кој треба да ги поврзе Белград, Скопје и Солун, предизвика вистинска бура во српската јавност. Српскиот министер Милан Бачевиќ минатата недела замина за Кина за да ја договара изградбата на каналот, кој се проценува на 12 милијарди долари. Тој вчераво Пекинг го потпишал Протоколот за разбирање за изработка на студија за оправданоста на проектот за изградба на пловен канал од Белград до Солун со кинеската компанија “Чајна Гезхоуб Груп“, јавија српските медиуми. Додека Владата инсистираше на тоа дека каналот многу ќе придонесе многу за развојот на земјата, опозицијата силно се спротивстави на ваквата идеја. Како што веќе пишуваше Фактор, опозиционите пратеници без загрижени за идните задолжувања на српската Влада. „Слушаме дека сака да ја задолжи Србија за дополнителни 12 милијарди долари за да го изгради каналот до Солун. Оваа влада нè задолжи за повеќе од 2 милијарди евра за 6 месеци“, истакна мината недела Божидар Ѓелиќ, пратеник на ДС во Скупштината, кој потсети на неодамнешното задолжување на земјата од Русија со 800 милиони долари и побара да се објасни што се случува и дали земјата ќе падне во „должничко ропство.“ Идејата стара 100 години, првпат по подолго време ја спомена и српскиот претседател за време на неговата неодамнешна посета на Македонија. „Да свртиме еден дел од Дунав, преку Морава и Вардар до Егејското море и да направиме за две илјади и двесте километри покус пат за стоката која се транспортира од Кина до Германија и обратно, но би било добро и за наводнувањето на нашите три држави. Тоа е проект кој постои 70 години но никој не се осудуваше да влезе. Ние ќе се осудиме ако успееме да се собереме сите три држави на тој проект, а тоа би било можност Македонија и Грција да седнат на иста маса. Во трите држави се живее тешко и ни се потребни инвестиции“ изјави тогаш српскиот претседател Томислав Николиќ. Каналот треба да се движи по реката Дунав во близина на Смедерево, но на тој дел од Морава и сега е можно да се плови ако се исчисти речниот ток. Поголемите градежни предизвици се малку појужно, каде што треба да се  прошири речниот ток и додатно ќе се регулира, а на јужниот дел на Србија треба да се изгради сосема нов систем на канали и брани. Сериозен прблем за градежниците ќе биде и текот на реката  Вардар кој мора целосно да се прошири за по неа да може да се движат бродови.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира