Српските туристи во Хрватска дневно трошат по 100 евра
Објавено во: Балкан 08 Август, 2018
Во однос на истиот период лани има за 12% повеќе посети или за 20% повеќе ноќевања.
Иако односите меѓу Хрватска и Србија се затегнати, сепак тоа не влијае на туристичките резултати, пишува Novilist.hr.
Според eVisitor во првите седум месеци има 97.487 посети, или 599.035 ноќевања од Србија.
69,5% одат на капења, 51% посетиле слаткарници и кафулиња, 45% биле во ресторани, 38,7% разгледувале знаменитости, 37,1% биле на локални забави.
За угостителите српските гости за добра храна и вино не прашуваат колку чини.
95,03 евра е сумата која дневно ја трошат во Хрватска.
Се наведува дека повеќе трошат од Германците, а одат на Брач и Хвар најчесто.
фото Novilist