19 Мај, 2024
0.0288

Стаменковски: Каиши на секое седиште во автобусите ќе ја зголемат безбедноста на патниците

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Она што загрижува е фактот дека од контролираните 140 возила за превоз на патници  во јавниот превоз, околу 60 покажале недостатоци во техничката исправност. Тоа покажува дека неопходно е да се засилат стандардите  на  работа на станиците за технички преглед, вели ворагзовор за Фактор, Стојче Стаменковски, претседателот на Републичкиот совет за безбедност за сообраќајот на патиштата.

Како можела да се случи оваа несреќа, иако истрагата треба да утврди, но какви се одговорностите на институциите?

Како советодавно тело кое е надлежно за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, со посебен акцент за унапредување на сообраќајно превентивното дејствување, со длабока жалост ја примивме веста за трагичната сообраќајна незгода во која настрадаа и  животот го загубија повеќе лица. Изразуваме длабоко жалење и сочувство до семејствата и блиските на настраданите лица. Со оглед на фактот дека истражните процедури се во тек и сеуште нема официјални податоци, РСБСП не е во можност да даде конкретен одговор на прашањето кои се непосредните причини за настанатата незгода.

Во оваа фаза, РСБСП ја потенцира потребата од целосна и темелна истрага на сообраќајната незгода од аспект на утврдување на причините и одговорноста поради која истата настана. Покрај тоа, РСБСП ја потенцира потребата преку оваа сообраќајна незгода да се направи една сериозна анализа на целокупниот сообраќаен систем од аспект на тоа колку системот е безбеден и компатибилен да обезбеди превенција од вакви немили настани и колку сообраќајниот систем и воопшто институционалниот систем има капацитет правилно и целосно да одговори со цел минимизирање на последиците во вакви ситуации. Ваквиот пристап е неопходен со цел да се утврди во кои елементи системот има слаб потенцијал и каде треба да се дејствува  за да во иднина се спречат ваквите немили настани.  Се додека не се добијат резултатите од истрагата, од сите нејзини аспекти, не може да се даде конкретен одговор во врска со одговорностите на пооделните институции.  Неблагодарно е во овој момент прстот да се впери во било која институција. Апелираме да почекаме МВР и истрагата да излезат со конкретни резултати од направените анализи и вештачења, а во меѓувреме ја замолуваме јавноста и медиумите да се воздржат од секакви шпекулации кои би можеле да ја доведат јавноста во заблуда и да бидат причина за здрав и несигурност кај граѓаните.

Според она што е познато каде може да се лоцира причината за несреќата? 

Покрај деталната и широка анализа на сообраќајниот систем  неопходно е истрагата да покаже и тоа кои се директните,  непосредни причини за незгодата.  Засега нема официјални  информации за тоа што точно се случило но постојат индикации за можно затајување на факторот возило и факторот човек, т.е возач. Сепак неодговорно е да даваме заклучоци без детални информации од истрагата и согласно тоа нема да навлегуваме во доменот на шпекулациите и не можеме да дадеме конкретен одговор на прашањето.

Автобусот бил регистриран и потврдено било дека е технички исправен од Станица за технички преглед. Можен ли е пропуст кај станицата, кој контролира дали станиците си ја вршат работата добро?

Не сакаме и не можеме да навлеземе во шпекулации за квалитетот  на работа на станиците за технички преглед.  Контролата на работата на станиците за технички преглед ја врши Министерството за внатрешни работи.  Она што загрижува е фактот дека од контролираните 140 возила за превоз на патници  во јавниот превоз, околу 60 покажале недостатоци во техничката исправност. Тоа покажува дека неопходно е да се засилат стандардите  на  работа на станиците за технички преглед, иако потенцираме дека според првичните неофицијални податоци , автобусот кој  што учествуваше во сообраќајната незгода имал технички преглед само 40 дена пред незгодата и истиот бил технички исправен.

Зошто нема каиши на секое седиште? Би спречило ли тоа фатални последици како оваа? Треба ли законски тоа да се предвиди?

Според ЗБСП патникот е должен да користи сигурносен појас секаде каде што тие се фабрички вградени.  Според правилникот за техничка исправност на автобусите, за автобус од категорија Ц3, предвидено е задолжително  да поседува, т.е да има вградено сигурносен  појас само за возачот и за предните седишта на автобусот.

Од друга страна директивите на ЕУ  велат дека неопходно е земјите членки на ЕУ да имплементираат законски одредби за задолжжително вградување на појаси на сите седишта во автобусите.  Оваа директива сеуште не е во целост имплементирана во сите земји членки на ЕУ,  а ни во Република Македонија.  Со оглед на фактот дека новите автобуси веќе се произведуваат со вградени појаси на сите седишта, секако дека во иднина оваа одредба ќе се имплементира во сите земји во ЕУ, па и во Македонија. Со тоа значително ќе се подобрат  елементите на пасивна безбедност  за заштита на патниците во автобусите.

Како вие гледате на ова? Кои се вашите препораки?

РСБСП постојано  потенцира дека сообраќајот е сериозен извор на опасности и закани за животот и здравјето на учесниците во сообраќајот и согласно тоа ја потенцира потребата безбедноста на сообраќајот да се издигне како врвен приоритет на дејствување на сите општествени чинители.  За жал оваа сообраќајна незгода само го потврди тоа што РСБСП постојано го потврдува и верувам дека од оваа незгода ќе извлечеме поука за поголема одговорност и посериозен пристап кон безбедноста во сообраќајот и институционално и индивидуално како учесници во сообраќајот.

А.Т. 

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално