Станбен или потрошувачки кредит? Еве за каков заем има подобри услови
Објавено во: Економија 05 Февруари, 2016 14:45
Граѓаните се подлабоко влегуваат во кредитните картички и заглавуваат во долгови. Истовремено освен долгот, расте и побарувачката за потрошувачките кредити.
Банките за една година им одобриле на граѓаните 14, 7% повеќе потрошувачки кредити, а нивниот долг пак изнесува 1,2 милијарда евра, покажуваат податоците на Народна Банка.
Поради тоа, банките во следниов период ќе преземат мерки за заострување на условите за земање на потрошувачки кредит.
„За наредниот период, банките очекуваат умерено нето-олеснување на вкупните кредитни услови, со слична динамика како и во претходната анкета. Сепак, во рамки на индивидуалните типови кредити, се очекува позначително нето-олеснување на условите за одобрување станбени кредити, при умерено нето-затегнување на кредитните услови на потрошувачките кредити, што е прва ваква промена по 2011 година“, соопшти НБМ.
Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов во декември најави дека банките ќе го стегнат ременот за потрошувачките кредити. Тој објасна дека целта е да се намалат потрошувачките кредити кои постојано биле во пораст, за од друга страна банките повеќе да даваат короративни и станбени кредити.
Мерката за ограничување на издавање на долгорочни потрошувачки кредити ќе важи за оние што ќе се одобруваат по 1 јануари 2016-та година. Дополнително ќе се затегнуваат и пречекорувањата на трансакциските и кредитните картички.
НБМ го прави овој потег со цел да го забави трендот на поторшувачки кредити откако е забележан пораст на проблематичното портфолио на овој тип заеми во последниве неколку месеци.
Можеби ќе ве интересира
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри




