19 Мај, 2024
0.0351

„Стандард“: ВМРО-ДПМНЕ ги наруши односите со ЕПП

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Кризата во национал-конзервативна опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ескалира, пишува австриски „дер Стандард“ во своето викенд-издание, освнувајќи се на последните случувања во таборот на оваа партија.

„ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 беше на власт пред да западне во криза поради систематска злоупотреба на функциите, но и по две години не се реформира за нов почеток. Поранешен премиер Никола Груевски најдоцна на 8 ноември треба да се јави за издржување двегодишна затворска казна за илегално купување на скап мерцедес. Во истиот случај, исто така е осудена поранешнната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Јанкулоска не може да го напушти Скопје затоа што мора да се пријавува на суд во многу други случаи. Оваа недела судот го замрзна имотот на 69 објекти во сопственост на партијата - вклучувајќи го и главното седиште на партијата во Скопје. Судиите спроведуваат истраги за перење пари - бидејќи партијата објавила дека ќе продаде недвижен имот. Груевски е осомничен за прифаќање на нелегални донации од милиони долари и нивно инвестирање во купување на недвижнини. ВМРО е длабоко поделена, не само поради криминални дела, туку и во нејзиниот идеолошки надворешно-политички став. Ова неодамна беше покажано во гласањето за договорот за промена на името постигнат со Грција во парламентот. Актуелното раководство на партијата под водство на Христијан Мицкоски се спротивстави на новото име на државата - Северна Македонија - кое треба да го отвори патот во НАТО. Пратеници веќе се исклучени, но во , ВМРО -ДПМНЕ постои крило што се залага за прозападна политика Од ова крило, осум лица гласаа за договорот за името на 19-ти октомври, што овозможи потребното двотретинско мнозинство во парламентот. Но, сега и некои други претставници на ВМРО го критикуваа раководството на партијата, особено што ќе ја изолираат партијата со својата антизападна политика. На пример, односите со сестринската партија, Европската народна партија (ЕПП), се влошија. Всушност, ЕПП го поддржа спроведувањето на договорот за именување со Грција. Па дури и во рамките на Европската комисија, постои разочараност што ВМРО-ДПМНЕ се мобилизира против преспанскиот договор. По уставните измени што се очекува да стапат во сила во јануари, се очекува ратификација на спогодбата во грчкиот парламент пред парламентарните избори во оваа земја - пишува „дер Стандард“.

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид