20 Декември, 2025
0.2411

Станете дел од Xplorify – едукативна платформа за On Air курсеви во живо!

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2017 06:50

Добивај вести на Viber

Xplorify, онлајн едукативна платформа за курсеви во живо е македонско-австриски продукт која од неодамна почна да функционира на македонскиот пазар. Запознајте се со нивната понуда на штандот на Xplorify на Денови на образование и кариера на Скопскиот Саем во хала 2

Xplorify ќе биде дел од претстојните Денови на образование и кариера на Скопскиот Саем, каде ги повикува сите кои имаат определено знаење за која било тема да дојдат, да креираат курс и да видат како функционира Xplorify.

Ги повикуваме сите заинтересирани предавачи или слушатели кои се заинтересирани за овој нов и иновативен пристап во образованието, да нѐ посетат на Скопски Саем – Денови на образование и кариера од 6 до 8 април каде што во живо ќе можат да видат како функционира нашата едукативна платформа“, најавуваат од Xplorify.

Скопското Астрономско Друштво ќе организира интерактивно предавање со телескопско разгледување на Сонцето, кое ќе се прикажува во живо во петок, 07.04.2017. Со помош на опцијата „Сподели екран” во виртуелната училница на Xplorify, сите посетители ќе имаат можност да видат како изгледа Сонцето директно од нивниот телескоп.

На Xplorify може да се понудат курсеви, обуки и семинари во областа на дизајн и фотографија, ИТ и софтвер, математика и физика, јазици, менаџмент и управување со човечки ресурси, подготовка за тестови и испити, стручни обуки и друго.

Платформата сепак не е ограничена само на овие области, напротив, отворени сме за соработка со сите оние кои имаат иновативни идеи за нови курсеви или обуки. Нашиот тим се стреми кон тоа Xplorify да има што поширок спектар на ON AIR курсеви, а притоа сите оние кои сакаат да ги збогатат своите знаења и вештини ќе заштедат драгоцено време со тоа што курсот ќе го следат пред нивниот компјутер без разлика каде се наоѓаат“, вели Миле Давитковски, член на маркетинг тимот на Xplorify.

Сите правни и за физички лица кои ќе реализираа On Air курсеви и обуки преку Xplorify ќе добијат 100% од заработката, во првите три месеци откако курсот/обуката ќе биде објавена. Притоа Xplorify бесплатно ќе ги промовира со цел да се пријавата што повеќе учесници.

Секој што ќе дојде на штандот на Xplorify во хала 2 на Скопски Саем, ќе има можност да се информира за можностите на платформата, а заинтересираните слушатели ќе можат да освојат и купон за бесплатен On Air курс на Xplorify.

Уникатноста на Xplorify!

Xplorify платформата е многу повеќе од онлајн учење кое најчесто е поврзно со претходно снимени едуктивни материјали или таканаречени вебинари. Xplorify.mk е едукативна платформа за On Air предавања кои се одржуваат во живо преку интерактивни предавања со Q&A сесии, во виртуелната училница.

За да го пренесете своето знаење преку Xplorify, не е потребно да инсталирате дополнителни програми. Сè што треба да направите е да се регистрирате како предавач и да го креирате својот курс во 5 едноставни чекори. Предавањата може да ги одржувате од било кое место, единствено што ви треба е лаптоп со стабилна интернет конекција!

Повеќе за начинот на креирање и одржување курс на платформата, прочитајте тука.

Ве очекуваме на штандот на Xplorify на Скопскиот Саем во хала 2.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии