Стани Гоце те продадоа - ваков транспарент носат поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2020
Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев.
„Македонија“ извикуваат присутните на протестот. Се носат транспаренти на кои пишува „Стани Гоце те продадоа“. Се пее и „Едно име имаме“.
Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава, порача од партијата.
Од пред Министерството за правда протестот, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.
Деновиве имаше најави од Бугарија дека може да го блокираат стартот на преговорите со ЕУ ако не се реши историскиот спор околу Делчев.
Бугарскиот професор Наум Кајчев изјави дека Делчев во регионална смисла е Македонец, а во национална е Бугарин.