19 Мај, 2024
0.1732

Во иднина на светот ќе му требаат пилоти! Дали си размислувал тоа да биде твојата професија?!

Стани пилот! Добиваш бесплатно образование и загарантирана кариера!

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Според проценките на американската авио компанија „Боинг“ во следните 20 години ќе им бидат потребни над 533.000 пилоти, што е доволен поттик за многу млади луѓе да посегнат по овој предизвик. Интересна и атрактивна професија, со многу возбуда и адреаналин, со можност за голема заработувачка и секако привилегија да се пропатува целиот свет.

„Заинтересираноста за оваа професија расте од година во година. Но, пилоти стануваат само оние што ги исполнуваат сите критериуми, односно поединци што поседуваат интелектуални способности, имаат физички предиспозиции, моторика. Вљубениците во авионите знаат какво е тоа чувство на возбуда и адреналин што ве обзема“ - изјави Борче Манев, инструктор по летање во Центарот за обука на пилоти.

Пилотската професија е комплексна работа, освен стручната обука пилотите мора да научат метеорологија, медицина, математика, физика и навигација, особено ако летаат во авио-сообраќајот. Обуката трае 18 месеци и опфаќа 350 часа теоретска настава и 180 часа летање.

Во Македонија професионалните пилоти се обучуваат во Центарот за обука на пилоти, а обуката која чини од 40.000 до 80.000 илјади евра во различни земји од Европа, во Македонија не чини ниту денар.

Она по што Центаротза обука на пилоти е специфичен е дека на едно место се спроведува теоретска настава и летање, нуди искусни предавачи и инструктори, флота од 5 авиони и 4 хелихоптери која е функционална во текот на целата година. Од својата контролна кула овој центар покрива 11 делегирани зони за летање низ цела Македонија одобрени од „Агенција за цивилно воздухопловство“ што дава погодност за организирање на летовите согласно потребите на Центарот кој има два пати повеќе полетувања и слетувања дневно од Скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Ги повикуваме сите млади луѓе што се желни за професионален ангажман во една од топ 5 највозбудливите професии на планетата да се пријават на конкурсот “ - додава Манев.

Условите за сите заинтересирани момци и девојки се исти; мора да имаат завршено високо образование, да ги поминат тестовите за здравствена и физичка способност и да го положат тестот по англиски со минимум оценка 3, и секако да се пријавите пред да наполните 28 години.


Повеќе информации за обуките и содржината на наставата на следниот линк: https://elbitsystems-mk.com/.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа