Starbucks ќе овозможи плаќање со биткоини
Објавено во: Економија 04 Август, 2018
Компанијата Starbucks во партнерство со Microsoft им овозможува на корисниците да платат со биткони, објави CNBC.
Заедно со "ICE", новата платформа за криптовалути наречена Bakkt ќе имаат за цел да им олеснат на потрошувачите.
„Тоа е многу голема вест за биткоинот, бидејќи луѓето прашуваат каде може да ги потрошат? Сега на секој Starbucks" - вели Брајан Кели, основач и извршен директор на BKCM.Гигантот за кафе работејќи со Мајкрософт и водечката глобална размена на нова дигитална платформа ќе им овозможи на потрошувачите да користат биткоин.
Тие работат на отворање нова компанија која ќе им овозможи на потрошувачите и институциите да купуваат, продаваат, складираат и трошат криптовалути и на глобалната мрежа до ноември.