Стартува кампања за поголема безбедност во сообраќајот
Објавено во: Мои пари 12 Август, 2013
Флаери и плакати ќе се дистрибуираат на граничните премини, патарините и бензински станици за поголема безбедност во сообраќајот.
Ова се само дел од предвидените активности за интензивирање на летната кампања 2013 што ја спроведува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот чија цел е подигнување на јавната свест, подобро информирање и предупредување на возачите.
Флаерите и плакатите ќе содржат совети за безбедно возење, за правење паузи и одморање, како и препораки да не се фрлаат отпушоци од возилата кои може да предизвикаат пожар. Тие воедно ќе потсетат дека брзината е главна причина за сообраќајните незгоди и дека мора да се почитуваат сообраќајните правила и прописи во туристичките центри.