20 Декември, 2025
0.0503

Стартува сезоната на изнајмување велосипеди во Скопје

Објавено во: Македонија 01 Април, 2017 11:30

Добивај вести на Viber

Од денеска секој ден во периодот од 7 до 22 часот на пет локации во Скопје граѓаните ќе можат да изнајмат велосипед по цена од 10 денари за час, информираат од Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје.

Велосипедите ќе можат да се изнајмат во катната гаража „Македонска Фаланга“, јавните паркиралишта Градска општа болница и Градска општа болница „8 Септември“, јавната површина наменета за паркирање зона Д3 позади ТЦ Бисер во општина Аеродром и јавното паркиралиште Треска.

- Целта на проектот „Изнајми велосипед“ е да се подигне нивото на еко свеста кај граѓаните, да се намали градскиот метеж, како и да се подобри социјалниот живот на граѓаните, велат од ЈП Градски паркинг.

Оттаму информираат дека од утре ќе бидат пуштени и електромобилите кои ќе бидат поставени на плоштадот Македонија, кај споменикот „Воинот на коњ“ со цел туристичко разгледување на централното градско подрачје и културните знаменитости.

- Цената за едно лице, за едно возење изнесува 50 денари, а капацитетот на едно возило е четири лица (3+1-возач), посочуваат од ЈП Градски паркинг.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти