16 Мај, 2024
0.0322

Став на Македонија2025 кон прашањето за името

Објавено во: Мои пари 05 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија2025 е независна, невладина, непрофитна, неполитичка организација. Наша цел и единствена мисија е да продолжиме со поттикнување, промовирање и зголемување на економскиот напредок за сите луѓе кои живеат во Република Македонија, како и да помогнеме во градењето на посилна нација.

Речиси секоја година уште од самото основање, бевме повикани да навлеземе во политичкиот дискурс преку низа прашања, вклучувајќи: избори, судски процеси и од неодмна потенцијалната промена на името на земјата. За многу од овие прашања, одлучивме да не заземаме страна или искажуваме свое мислење бидејќи тоа не би било во согласност со мисијата на организацијата.Сепак, името на земјата е важно прашање, кое длабоко ги засега сите Македонци низ светот и нашиот став го изразуваме главно од аспект на економскиот напредок.

Наше цврсто верување е дека ниту една група, ниту пак личност не треба да им кажуваат на другите луѓе кои сe или што се. Сите луѓе, вклучувајќи ги и Македонците, треба да го уживаат основното човеково право на самоопределување.

Република Македонија е суверена земја. Затоа, го поддржуваме пристапот на сегашната и минатата Влада дека секое спогодбено решение кое не го компромитира националниот идентитети јазикот, треба дабиде доследно и согласно со Уставот на Република Македонија.

Разбираме дека решението за потенцијална промена на името на зeмјата е поттикнато од Европската Унија (ЕУ) и други странски влади, кои сакаат земјата да исчекори напред од овој застој во однос на решавање на името,во којземјата се наоѓа изминативе три децении. Исто така, веруваме дека тежнеењето за пристап кон ЕУ и НАТО е многу важно, но не по секоја цена. Ние, како економска организација, сакаме да потенцираме дека само едно достигнување или решение на едно прашање, нема да овозможи економска благосостојба за македонскиот народ. Економски развој веруваме дека може да донесатнапорна работа, одлучност, зголемена трговија и инвестиции, искоренување на корупцијата, чесен и независен судски систем и најмногу од сè единство меѓу луѓето.

Владата на Македонија е избрана од и за народот на Република Македонија и истата треба да води сметка и да ги претставува интересите на македонските граѓани. Без разлика дали живееме во Република Македонија или во многуте други држави низ светот со македонска популација, ние секогаш ќе бидеме Македонци.

Затоа, Македонија2025 ги повикува сите Македонци да се фокусираат на креирање на добра економска клима, во која домашните и странски компании, како и претприемачите, ќе бидат мотивирани да продолжат да инвестираат во Македонија. На оваа високо конкурентна глобална сцена, земјите мора да понудат добра бизнис клима и политичка стабилност за да постигнекономски развој. Ние како организација oстануваме на располагање на земјата за да фасилитираме дијалог и да дадеме поддршка во остварувањето на овие важни цели.

Можеби ќе ве интересира

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком