26 Април, 2024
0.0281

Ставрески: Буџетот во добра кондиција

Објавено во: Економија 08 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Буџетот е во добра кондиција. Приливот на средствата во првите четири месеци од годинава е соодветен на очекувањата, а плаќањата се вршат навремено, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.

- Имаме прелиминарни податоци за април и како што очекувавме април е завршен со мал суфицит што ќе помогне да се изврши нивелација на зголемените расходи што беа во февруари, на почетокот на годината и во март поврзани со исплаќањето на обврските кон стопанството и субвенциите. Така, дефицитот е во рамки на очекувањата за првите четири месеци и таков ќе биде до крајот на годината. Очекуваме да се исполнат проекциите, изјави министерот Ставрески.

Тој потенцира дека нема заостанати обврски и оти сите фирми навреме добиваат поврат на ДДВ и навреме се исплаќаат сите фактури.

- Владата го исполнува она што го вети за стопанството. На нула е сведен износот на заостанати обврски уште во февруари. Тој и денеска е на нула. Сите фирми добиваат навремено поврат на ДДВ и ги исплаќаме сите фактури така што согласно времињата во кои се наоѓаме и согласно ситуацијата во Европа сметам дека македонскиот буџет сосема добро се справува со предизвиците и дека ќе успееме да ги реализираме сите проекции за приходите и расходите до крајот на годината, истакна министерот Ставрески.

Тој потенцира дека финансирањето на буџетот е во согласност со планираното, што подразбира домашно финансирање преку аукции и обезбедените средства со ниска камата со гаранцијата на Светска банка.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија