19 Јануари, 2025
0.0286

Босна се пребројува, Македонија за попис абер нема

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Опозициските НСДП и ЛДП побараа одговор, дали во земјава ќе се спороведе попис. Министерот Ставрески вели, догодина нема пари за оваа статистичка операција. Две години од неславното пропаѓање на пописот во земјава, а поттикнати од најавите дека од денеска и во Босна и Херцеговина властите започнаа со пребројување на населението, НСДП и ЛДП побараа одговори од надлежните. Според ЛДП, Македонија е како Босна и Сомалија, единствените земји во светот без капацитет да спроведат попис на своето население. Пописот во 2011 година беше прекинат пред самиот крај и без образложение, велат од партијата , а за операцијата од буџетот се потрошија 14 милиони евра. Од НСДП прашуват запрашаа дали пописот не е спроведен бидејќи владата сака да ја сокрие реалноста дека огромен број од населението, главно млади луѓе се веќе иселени од Македонија или се одложувањето се сака да се прикрие фактот дека како што велат, Избирачкиот список со речиси милион и 800 илјади избирачи е фиктивен.Од партијата велат дека било очигледно дека владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со своите политики ја сместуваМакедонија на дното во регионот. „Зошто до денешен ден, ниту премиерот Никола Груевски, ниту неговиот коалициски партнер Али Ахмети не излегоа пред јавноста да дадат одговор како и зошто пропадна пописот во 2011? Која е вистинската причина за прекинувањето на пописот во 2011 година? Кој ќе ја сноси одговорноста за последиците од неспроведувањето на оваа статистичка операција?“, се нагласува во соопштението. Од името на Владата одговор дали ќе има попис догодина даде министерот за финансии, Зоран Ставревски, кој треба да најде пари за негово спроведувањеа. Според него, во буџетот за 2014 година нема обезбедено такви средства.Ниту следната година нема да биде организиран попис на населението, потврди вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски. „Не е планиран попис на населението за идната година и затоа нема планирани средства во Буџетот за 2014 година кои би биле наменети за негово реалзирање“, изјави Ставревски.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ