Добивај вести на Viber
Имајќи предвид дека политичарите се уште не се договориле за предлог-законот со кој би се решил статусот на стечајците, тие од денеска почнаа да доставуваат неплатени сметки и извршни решенија до Владата, тврдејќи дека немаат пари ниту за леб.
Стечајката Љиљана Георгиевска вели дека на комисијата на која се расправало законското решение биле сведоци на нечовечност.
- И покрај нашите укажувања за тоа како живеат стечајците, како се справуваат со болести, до кој степен се дојдени со наплатување на сметки, со долговите кон државата, верувајте дека немаше ниту трошка почит или сожалување од нивна страна - вели Георгиевска.
Таа смета дека политичарите ги користат стечајците само за да приберат гласови.