18 Мај, 2024
0.0308

Стечајниот управник на ФЕНИ ги „теши“ работниците

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Мирослав Анастасиевски преку соопштение за медиуми ги „теши“ работниците на ФЕНИ дека ги преземал сите мерки за  побрзо работно ангажирање на вработените. Тој вели дека се преземаат активности за заштита како на капиталот така и на правата на работниците на Фени Индустри АД Кавадарци како клучен сегмент во овој процес. 

„Во однос на доверителите, согласно Законот за стечај, од денот на објавување на огласот во Службен Весник на Р.Македонија од 30.11.2017 година, тече рокот за пријавување на побарувања. 

Во Законска рамка ќе биде изготвена конечната листа на доверители која ќе биде поднесена до Основниот Суд Велес и ќе биде објавена на е-стечај, за што јавноста ќе биде известена“ вели Анастасиевски.

Досега се тврдеше дека ФЕНИ има вкупни долгови од 40 милиони евра кон трите банки доверители Комерцијална банка, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка, како и уште 20 милиони евра долг кон добавувачи и фирми. 

Во стечајната процедура досега беше отфрлена и последната понуда за преземање на ФЕНИ од страна на бугарски Енеког поради тоа што заинтересираниот инвеститор не бил во можност да ги префрли неисплатените плати на вработените. 

Во меѓувреме вработените своето незадоволство планираат да го изразат со нови протести и блокади на патишта.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада