25 Ноември, 2024
0.0273

„СТЕЛТ“ ИМА 20 МУТАЦИИ КОИ ГО РАЗЛИКУВААТ ОД ОРИГИНАЛНИОТ ОМИКРОН: Професорот Даниловски со сите детали за подвидот кој пристигна и во Македонија

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Стелт омикрон од вчера и официјално е потврден во Македонија кај тројца наши сограѓани, односно кај двајца од Скопје и кај еден од Струмица. Министреството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институт за јавно здравје извршиле секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS-CoV-2 од неколку градови и тоа Скопје - 13, Тетово - 4, Гевгелија - 4, Велес - 3,  Кочани - 3, Свети Николе - 3, Неготино -2, Кавадарци – 2, како и примерок од: Охрид, Струга, Куманово, Струмица, Гостивар, Валандово и Виница. Најголем број од примероците докажуваат инфекција со БА.1, додека кај тројца е откриен подвидот БА.2. Присутна е и варијантата делта и тоа кај двајца граѓани од Гевгелија и еден од Велес, а едно лице било инфицирано со инфлуенца

-Кај 35 примероци беше докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. 

Кај 3 примероци беше докажана BA.2 сублинијата на Омикрон - позната уште и како „stealth“ (два се од Скопје и еден од Струмица). Во нашата држава се уште циркулира и Делта варијантата (B.1.617.2), докажана кај 3 примероци (двајца се од Гевгелија и еден од Велес).  Кај два примерока е потврдено присуството на Influenza H3N2, велат од Министерството за здравство.

По оваа информација, Фактор разговараше со епидемиологот, проф. д-р Драган Даниловски кој посочува дека подвидот може многу скоро да стане доминантен, кој има моќ многу брзо да се пренесува, односно неговата заразност е поголема за околу 30 отсто.

-„Стелт“ омикронот (БА.2) наскоро може да стане доминантна подваријанта на вирусот. Според Светската здравствена организација, оваа подваријанта веќе циркулира во најмалку 69 земји.  Иако не е доволно различен за да се класифицира како сосема нова варијанта со свое грчко име, БA.2 има околу 20 мутации што го издвојуваат од БA.1. Настрана неговата поголема заразност, која е поголема за околу 30 проценти - според најнова британска студија - се смета дека „стелт“ омикрон не предизвикува потешка клиничка слика од оригиналниот омикрон. Извештаите од СЗО покажуваат дека нема зголемување на бројот на хоспитализациите. Добра вест е што изгледа дека прележаноста од оригиналниот омикрон штити од „стелт“ омикронот. Исто така, според британски извори, и вакцините се изгледа подеднакво ефикасни во заштитата од тешки симптоми како кај оригиналниот омикрон. Мислам дека нема место за загриженост! Она што можеме да го очекуваме е дека актуелниот незапирлив пад на бројките на нови позитивни случаи кај нас веројатно само ќе биде забавен, во одредена мера. Не може да се очекуваат спектакуларни варијации кон горе. Тоа нема да ги смени претходните прогнози за текот на пандемијата. Тој евентуално само малку би бил пролонгиран. Секако, како и досега, најранливи останува да бидат непрележаните и невакцинираните, вели епидемиологот Даниловски.

Професорот истовремено посочува дека БА.2 и БА.1 немаат речиси и да немаат разлики во симптомите, а она што е посебно важно е дека луѓето кои се заразиле со оригиналниот омикорн, кои веќе претходно го прележале, минимални се шанските да се заразат и со „стелт“

-Досега е согледано дека обата омикрона не се разликуваат во однос на симптоматологијата. Во оваа прилика, ќе потсетам дека петте доминантни симптоми на омикрон се: течење на носот, главоболка, замор, кивање, воспалено грло. Педесет проценти, меѓутоа, ќе ги имаат класичните симптоми, кои беа доминантни кај делта: треска, кашлица или губење на чувството за мирис или вкус, како и пневмонија. Засега, се смета дека имунитетот на прележаните од оригиналниот омикрон штити, во голема мера, од повторно заразување со новиот омикрон. Изгледа дека имунитетот од вакцините помалку штити од заразување, но подеднакво штити од хоспитализација и смрт, нагласува професор Даниловски во разговорот.

Во однос на тоа дали треба да сме загрижени од од брзата трансмисија на подвидот која може да доведе до зголемен бројот на нови инфекции, а поради фактот дека едвај нешто над 40 проценти од нашето население е вакцинирано, да имаме и зголемен број на хоспитализации, епидемиологот потенцира дека ќе имаме зголемен број нови заразени, но тој нема значајно да го наруши надолниот општ тренд на епидемиската крива – само ќе го забави и нема да има закана од преоптоварување на болничките капацитети.

-Процентот на вакцинирани од 40 проценти воопшто не ја дава вистинската слика за имунолошката состојба на населението. Проценките покажуваат дека вкупната стапка на имуни лица од сите возрасти – независно дали по пат на прележување или вакцинирање – се движи некаде преку 90 проценти. За жал, многу мал е опфатот со трета доза на најранливите категории – старите лица и хронично болните. Процентот е 7,6 проценти (137.048 лица на 13.02.2022 за вкупно население 1,8 милиони). Со појавата на омикрон стана јасно дека заштита од хоспитализација нуди само претходно прележување со делта, потоа, прележување плус вакцинација (подобро со две дози), а кај непрележаните, практично само три дози нудат заштита од хоспитализација од околу 90 проценти. Оттука е јасно дека имајќи ја предвид поголемата брзина на заразување на новиов сој, од суштинска важност е заштитата од тешки симптоми и смрт на постарите и хронично болните граѓани. Како тоа да се постигне? Така што ќе се спроведува кампања за стимулирање на вакцинација со две дози кај прележаните, после најмалку шест месеци и примање трета доза кај непрележаните. Состојбата дополнително се усложнува, ако ја земеме предвид (избегливо) високата смртност во болниците (чиешто потекло на јавноста ѝ е веќе сосема јасно, а во што – во оваа прилика – не би навлегувал). Оттаму, одговорот на вашето прашање е: Да, ќе имаме зголемен број нови заразени, но тој нема значајно да го наруши надолниот општ тренд на епидемиската крива – само ќе го забави. За жал, заради погоре наведените причини, во одредена мера, ќе се зголеми и бројот на хоспитализираните. Меѓутоа, тоа нема да биде закана за преоптоварување на болничките капацитети, појаснува проф. Даниловски.

На прашањето дали и лесните симптоми на омикрон и секако стелт омикрон може да доведат до пост ковид проблеми, нашиот соговорник посочува дека се уште е рано да се знае со сигурност, но како што вели, веројатно е дека пост-ковид синдром може да предизвикаат и обете верзии на омикрон, иако во значајно помала мера од делта.

-Инаку, пост-ковид синдромот обично се дијагностицира околу 90 дена по прележувањето на ковид. Во случај на делта, околу една третина од прележаните развиваат некои пост-ковид симптоми, како што се: замор, мозочна магла, отежнато дишење, анксиозност и други проблеми. Тие се подолготрајни, ако текот на болеста бил потежок (хоспитализација). Некои истражувања покажуваат дека, понекогаш, долг пост-ковид синдром се јавува дури и по благи инфекции. Прелиминарните резултати на последните истражувања укажуваат дека вакцините ги спречуваат пост-ковид симптомите во најголема мера (ако дојде до инфекција) или барем го намалуваат нивното траење и тежина, вели во разговорот за Фактор еминентниот епидемиолог Даниловски.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа