08 Октомври, 2024
0.0343

Стисни „пауза“ или „назад“!

Објавено во: Стил 29 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Ние луѓето сакаме навики, колку и да велиме дека нѐ возбудуваат нови работи и авантури. И веројатно сето тоа е врзано и со годините во кои моментално се наоѓаме. Кога ќе ми текне на младоста, особено периодот после завршување на факултетот, ми текнува само на тоа дека живеев од денес за утре, без некаков план за утрешнината. Бев спремна да ризикувам со нови работни места, да експериментирам како би се снашла во нови области кои немаа никаква врска со мојата струка-економијата. Бев убедена (а и спремна) дека ќе менувам работа на секои 5 години, оти имав некаде читано дека човек секогаш останува креативен доколку го освежува умот, односно да менува работни позиции.

Еве ме, 20 и кусур години отпосле. 16 години работам на исто работно место (не дека се жалам, оти имам среќа да работам интересна работа и да имам прекрасни колеги), живеам во истиот стан (разликата е во тоа што живеам сега со ќерка ми), за среќа пријателите ми се тие (или поточно, се исфилтрирале и останале оние со кои сме грнче и капаче), љубовниот живот и не ми е баш за машала (ама јас сум од оние наивните кои до смрт веруваат во љубовта и нејзината сила). Се’ на се’, многу малку останало од она како замислував дека ќе биде. Но, интересно е што барем до овој момент ништо не би менувала. За годините наназад задоволна сум со она што направив и која сум.

Целата колумна на Ана Бунтеска читајте ја на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни