27 Април, 2024
0.0365

Стојановски од ЦУК информираше во кои села пожарите се најкритични

Објавено во: Македонија 06 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Пожарот може да се префрли кон Бугарија, објаснуваат од Центарот за управување со кризи. 

Раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Горан Стојановски попладнево соопшти дека исклучително тешки сè уште остануваат пожарите во делчевскиот и пехчевскиот регион  и тоа во Нов Иствник, Пасјак, Трботивиште и Разловци. 

„Во моментот се дејствува со жива сила, со материјално-технички средства, со поддршка и помош од хеликоптерската единица на АРМ и на соседната држава Србија. Но, времето и условите се исклучително тешки. Јачината на ветерот е 60 километри на час и сето тоа отежнува и придонесува да не може да се дејствува и да се спречи пожарот“, изјави Стојановски.

Исклучително тешка е состојбата и во Пехчево и во овој момент се дејствува во месноста наречена Бајаз Тепе, Црник, Мачево.

„Има некаде над 350 луѓе на тој потег, помогнати масовно од мештаните на Пехчево, но состојбите сè уште не се под контрола. Можно е пожарот да избега во правец на Република Бугарија. Со сигурност не можеме да кажеме. Правиме напори за вклучување на дополнителни хеликоптери за да можеме барем тој појас да го заштитиме и оневозможиме продирање на просторот на територија на Република Бугарија. Се прават пресеци со градежни машини, се заоруваат ниви, односно и необработлив површини, се сечат дрвја се со цел да се спречи понатамошното интензивно ширење“, рече Стојановски.

Во Свети Николе,  пожарот е локализиран, но останува дел од Кадрифаково поради низинскиот дел и ветерот што го разнесува во сите правци.

Потешки пожари има и во Прилеп, селото Дрен и Смолани. Топлица, како што информира ЦУК, се држи под контрола и очекувањата се дека до вечерва ќе се неутрализира комплетно.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“