04 Мај, 2024
0.0256

Стојков: Рамниот данок ќе замине и ќе се врати, но дали ќе се вратат тие што ќе заминат?

Објавено во: Економија 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Полемики и јавни критики доаѓаат од сите страни. Професорската и експертска фела најгласна покрај граѓанските ставови за новата даночна реформа која ја предложи министерот за финансии Драган Тевдовски.

Денес на социјалните мрежи со став околу оваа проблематика се огласи и Универзитетскиот професор, Александар Стојков.

Тој му кажува збогум на рамниот данок.

Еве што пишува:

1. Намената на парите.
Во право е Горан Михајловски. Прво, требаше да има кратење на непродуктивните буџетски расходи и некаков напор за подобрување на квалитетот на јавните услуги. Вака секој дополнителен денар што го даваш на Управата на јавни приходи го замислуваш како завршува за некое луксузно вино на службен ручек или во приватен џеб после успешно завршен тендер со напумпани цени. Аргументот “и порано било така” не не’ води напред.
2. Даночна стапка.
Можеше да се направи дополнителната (втората) стапка да биде максимум 15%. Се прави покрупна промена после 10 години. Вакви шокови во даночната политика ги мотивираат луѓето кон даночна евазија. Веќе се насмевнуваат банкарските експозитури во Србија, Косово и Бугарија. 
3. Даночен праг.
Според мене, прагот од 720.000 денари годишно (или просечно 60.000 месечно) нема да направи посебен упад во системот, посебно ако втората стапка е лимитирана на 15%.
4. ДДВ за физички обврзници?
Дали останува авантурата со регистрацијата за ДДВ за физички обврзници со приход —надвор од платата— над 1 милион денари? Ќе има и прогресивен систем на оданочување и ДДВ за некои даночни обврзници?
5. Другите реформи?
Само за оваа економска тема ќе зборуваме цела година? Каде се другите економски политики и структурни реформи?

Рамниот данок ќе си замине на 1.01.2019 година. Убеден сум дека ќе се врати еден ден. Но, дали ќе се вратат луѓето кои ќе си заминат? И дали во истата држава?


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски